Надал тужи поранешна француска министерка

Рафаел Надал во понеделникот поднесе тужба против поранешната француска министерка за спорт, Роселин Башело, откако таа го обвини за допингување. Надал вели дека мора да си го заштити интегритетот и имиџот како спортист.

Шпанскиот тенисер потврди дека неговите адвокати поднеле тужба во Париз против Башело поради нејзините „навредливи изјави“ во интервју за француската телевизија минатиот месец. Поранешната министерка за здравство и спорт во „Ле Гран 8“ ТВ-емисијата изјави дека седуммесечната пауза на Шпанецот во 2012 година била „најверојатно поради позитивен тест“.



„Мојата намера е да го заштитам мојот интегритет и мојот имиџ како спортист, но и вредностите што ги застапувам цела кариера. Исто така сакам да избегнам некоја јавна личност да ме навредува преку медиумите без никаква основа“, се вели во соопштението на Надал, во кое се додава дека компензацијата, ако му биде доделена, ќе биде донирана на некоја француска невладина организација.

Изјавата на Башело, која беше дадена по позитивниот тест на Марија Шарапова, ги налути Шпанците, но и француските тенисери како Жо-Вилфрид Цонга и Ришар Гаске.

Претседателот на Шпанскиот олимписки комитет, Алехандро Бланко, најави дека Надал ќе го носи знамето на Олимпијадата во Рио делумно како одговор на обвинувањата од Башело. Надал беше избран како носител на знамето и во Лондон 2012, но таму не учествуваше на нив поради повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...