Се спрема контранапад за Веспрем

Два дена им преостанува на ракометарите на Вардар до реванш натпреварот со Веспрем во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Последните тренинзи пред заминувањето за Унгарија ќе бидат искористени за да се доработи на деталите за евентуално неутрализирање на негативата од три погодоци, од првиот меч во Скопје.

Првото полувреме од последниот филтер кон Ф4 во Келн за вардарци не донесе позитивен резултат. Подобрувањето на теренот ќе биде неопходно за да се остане игра на реваншот. Главниот акцент е ставен на „црните“ периоди каде што нашиот шампион, во првата средба ги имаше во неколку наврати.



Вардар има шанса да се коригира за тие грешка, па и покрај фактот што ќе биде неизмерно тешко. На полско тло против Висла Плоцк во осминафиналната рунда, вардарци имаа една лоша епизода, но тоа ништо не мора да значи.

Ситуацијата, позицијата, па и влогот сега е сосем поинаков, а целата сезона и сите надежи се сведени во 60 минути, што е дополнителен мотив за македонскиот шампион да покаже дека по сè заслужува да се најде меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

ВЕРБА ВО ПОБЕДА

Многумина од нас се надеваа на историска „црвено-црна“ сабота, иако почетокот даваше такви надежи, сепак, мечот не одеше според посакуваниот тек. „Црвено-црните“ ракометари се свесни за своите грешки, а според Тимур Дибиров истите можат да се поправат и со добар почеток на реваншот, предноста на Веспрем да биде намалена.

„Знаеме каде беа нашите грешки и мораме да ги поправиме ако сакаме да останеме во игра и на реваншот“, почна Дибиров.

„Свесни сме дека ќе биде тешко, но ние излегуваме со сите сили и со заборав за тоа што се случи во Скопје. Во секој случај ќе мора да бидеме концентрирани, за разлика од минатата сабота каде што изгоревме во желбата за победа и утнавме многу чисти шанси. Притисокот е на исто ниво, како и пред првиот меч, ова е второ полувреме и ако првото беше минус три, имаме можност да се вратиме. Не ни треба најдобрата партија на сезоната за да дојдеме до посакуваната цел, едноставно потребен ни е добар влез и со предност од 4:1 или 5:0 сè ќе се врати на почеток“, додаде рускиот интернационалец.

ЛАЗАРОВ И ДЕРЕВЕН ВО СТРОЈ

Позитивен момент е што Раул Гонзалез сега ги има сите играчи на располагање. Филип Лазаров иако со бандажиран палец на десната рака, тренира со тимот, а истото важи и за Александар Деревен.

„Тренирам веќе одреден период со тимот, но јасно е на каков интензитет ќе биде тој натпревар. Јас сум тука да помогнам и да го дадам придонес во играта, а за тоа колку ќе биде доволно одлучува тренерот Раул Гонзалез. Размислував за првиот натпревар и какви ни се шансите и доколку ги реализиравме шансите и нашите голмани имаа подобра партија, сметам дека ќе ги победевме. Разликата според мене е нереална и за да обезбедиме настап на фајнл-фор турнирот во Келн, ние мораме да ги подобриме тие сегменти од играта“, потенцира капитенот Филип Лазаров.

Четвртфиналниот реванш ќе се игра в сабота, 17:30 часот, во салата арената во Веспрем, а судии на мечот ќе биде летонската двојка Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис.



РЕВАНШ-РАКОМЕТНОТО КЛАСИКО ЗА НАЧЕВСКИ И ЗА НИКОЛОВ

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја дели правдата на реваншот меѓу Барселона и Кил. Најдобрите наши делители на правдата ќе имаат чест да го водат натпреварот меѓу најголемите ракометни колективи. По првиот натпревар, Кил има предност од пет погодоци, па затоа јасно е дека во „Блау грана“ за два дена, Барселона ќе има тешка задача за да ја анулира оваа предност и да го продолжи својот поход кон одбрана на титулата.

Во составот на Кил, серијата повреди нема крај. Последен на списокот е Никлас Екберг, десното крило на репрезентацијата на Шведска. Тој се повреди на натпреварот со Балинген и нема да може да настапи следните четири недели.

Кил в сабота ќе го игра возвратниот натпревар против Барселона во рамките на 1/4-финалето на Лигата на шампионите, но ќе биде ослабен и во продолжението на Бундеслигата каде сè уште има шанса да ја одбрани шампионската титула.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...