Реализацијата на зицерите и голманите ќе биде клучот

Вардар во Веспрем го одработи единствениот тренинг пред утрешниот реванш во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

По пауза од еден месец во таборот на Вардар за дуелот со Веспрем се враќа капитенот, Филип Лазаров.

Она што е познато е дека Вардар го чека тешка задача, треба да ја анулира предноста на Веспрем од 29-26 по првиот натпревар. Лазаров вината ја посочува во пропуштените зицери и смета ако таквите ситуации се користат во Веспрем, Вардар може да направи големо изненадување.

„Пропуштивме многу зицери, а и голманите имаа слаб ден. Ако се сменат тие две три работи сигурно дека имаме шанси. Тежок резултат е негатива од три гола, особено против Веспрем, знаеме кој е и што е, но сигурно дека имаме шанси. Нема да одиме и да се предадеме, всушност размислував деновиве и сфатив дека оваа сезона имавме добри гостувања, па нека биде така и сега. Одиме да се надигруваме, ние всушност и во Скопје не одигравме лошо, туку малку немавме среќа, оваа разлика е нереална, со тие детали што ги спомнав, како зицерите, голманите, дури според мене можевме да имаме и подобро судење како домаќин. Се надевам дека ќе се сменат тие неколку работи и ќе бидеме во игра“, рече Лазаров.

Натпреварот се игра утре во 17.30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...