Кил го елиминира европскиот првак Барселона

Ракометарите на Кил успеаја во четвртфиналето да го елиминираат европскиот шампион Барселона откако синоќа во реваншот во „Блауграна“ во Барселона загубија со 33:30, но во вкупниот резултат беше 59:57 за Кил благодарение на победа од 29:24 на првиот дуел.

Ова за Кил е шесто учество на завршниот турнир во Келн, а имаат и две титули во 2010 и 2012 година. Со елиминацијата на Барселона продолжи традицијата откако се игра „фајнл фор“ турнир шампионот да не успева да ја одбрани титулата.

Во поголемиот дел од првиот дел Кил имаше предност, а Барселона од 45.минута го презеде водството и во 55.минута за првпат поведе пет голови разлика (31:26) колку што беше на првиот дуел за Кил. Но, бундеслигашот предводен од шпанскиот репрезентативец и во новата сезона играч на Вардар Жоан Кањелас со три гола во серија ги сруши надежите на Барселона дека ќе се пласира во полуфиналето.

Кањелас постигна вкупно 6 голови, како и неговиот соиграч Марко Вујин и Ентрериос од Барселона.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров натпреварот го заврши со 5 голови.

Попладнево се игра последниот реванш четвртфинален дуел меѓу ПСЖ И Загреб, а предност од 28:20 од првиот дуел има ПСЖ. Пласман во полуфиналето изборија Веспрем откако беше поуспешен од македонскиот шампион Вардар и Киелце по елиминацијата на Флензбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...