Лино Червар пред промоција

Комисијата која треба да препорача кој од петте кандидати за селектор на македонската сениорска репрезентација е најдоброто решение за испразнетото место на селекторската позиција.

Официјално, пристигнати се пет кандидатури. Неофицијално, кандидати се Роберт Хедин од Шведска, Владимир Глигоров од Македонија, Александар Брковиќ од Србија, извесен тренер од Шпанија (не е некој од попознатите шпански тренери) и фаворитот број еден и, најверојатно, новиот селектор на Македонија, Лино Червар. Хрватски тренер кој има и македонски пасош.

Комисијата нема да има тешка задача и очекуваме уште денеска да го каже својот став, а утре веројатно и ќе биде официјализирано, веројатно ќе биде свикана и прес-конференција.

Со должна почит кон другите кандидати, ќе си земеме слобода предвреме да го најавиме новото име на чело на македонскиот тим, иако имајќи предвид како заврши приказната кога во 2012 исто така беше пред промоција, ќе оставиме и малку простор за работите да не излезат како што предвидуваме.

Лино Червар веќе подолго се врти неговото име во комбинација за оваа функција. Посебно во периодот по ЕП Краков и пред Квалификациите за ОИ во Гдањск.

По квалификациското фијаско во Гдањск, оставката на Ивица Обрван и најавата за крај на репрезентативните кариери на дел од ракометарите кои сега настапуваат за националниот тим, како приоритет се наметна изборот на човек кому ќе му биде доверена реконструкцијата на репрезентацијата и изготвување долгорочен план без притоа да плаќаме висока цена за пропустите од минатото.

И тие што го сакаат и тие што не го сакаат Лино Червар, веруваме дека ќе се согласат со една работа. Тешко дека во овој момент може да се најде подобро решение од Червар кога се работи за долгорочно планирање и спроведување на таква стратегија. Шаховското планирање на работите, впрочем е еден од најголемите квалитети на хрватскиот стратег.

Бројот на квалитетни ракометари со кои располага Македонија е лимитиран, пропуштено е многу во работата со младите категории, посебно во еден пет-шест годишен интервал од 2007 па наваму, бесповратно се загубени неколку генерации играчи.

Како резултат на тоа, сега во репрезентацијата се јавува вакуум, точно во возраста на играчи кои треба да бидат носители. Македонскиот тим сега е составен од ракометари кои се на возраст од 29 години и повозрасни и од 20 години и помлади. Вакуумот на играчи од возраст од 20 до 29 години кој го разбиваат само Дејан Манасков, Никола Маркоски и Жарко Пешевски е премногу силен и трансформацијата на екипата ќе биде сè само не лесна и брзопроодна фаза.

Со оглед на тоа дека речиси целиот младински потенцијал е под диригентска палка на Червар во Металург тоа е и најсилниот адут за негов избор.

Освен, ако не се влезе во нова етапа на натурализација, што сигурно не е нешто што е посакувано како курс по кој треба да оди репрезентацијата, со дополнителен минус затоа што и нема познати имиња кои би се натурализирале.

Уште еден адут во прилог на Червар е што дуелите со Чешка кои се од круцијално значење за македонската сениорска репрезентација и нејзиниот развој односно трансформација сè за помалку од еден месец.

Од другите кандидати, да го издвоиме на пример Швеѓанецот Роберт Хедин, како најзвучно име. Кога тој би станал селектор, би имал само неколку дена да ги запознае играчите, да го прилагоди скандинавскиот менталитет со македонскиот, да ги научи нивните добри и лоши страни, да научи сè за нив, да направи тактика и да излезе на мегдан и да ја победи Чешка, која веќе две години полека гради тим.

Освен ако не ја научил од некаде тајната формула на Балтазар, Хедин тешко дека би можел да покаже што знае и да извади максимум од играчите за дуелите со Чешка.

Червар со тоа не би имал проблем, тој и така веќе бил тренер на сите актуелни репрезентативци освен на Влатко Митков и Немања Прибак.

Но, тука доаѓаме и до неговиот најголем минус.

При заминувањето од Металург, ретко кој од играчите остана во добри односи со него. И не зборуваме само за ланскиот егзодус. Тоа е состојба која треба да се надмине во следниов период. Ако таа задача успешно се надмине, тогаш Јан Филип и Даниел Кубеш, двајцата селектори на Чешка, бадијала се радуваа на крахот на македонскиот тим во Гдањск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...