Шарапова се појави пред анти-допинг панел

Марија Шарапова се појави пред анти-допинг панел во Лондон во средата, по што ќе мора да почека да дознае дали ја очекува долга суспензија за позитивниот тест на мелдониум во јануари. 29-годишната Русинка го шокираше тенискиот свет во март кога објави дека паднала на допинг-тест на Австралискиот опен, каде што загуби во четврт-финалето од Серена Вилијамс.

Нејзината максимална казна може да изнесува четири години, но повеќето анти-допинг експерти очекуваат суспензија од 6 до 12 месеци. Која било казна ќе почнува од датумот на суспензијата, на 12 март, така што дури и најмала казна ќе донесе пропуштање на преостанатите гренд слем турнири оваа година.

По нејзиното признание се отвори дебата за мелдониумот, средството за срцеви болести на летонска фармацевтска компанија, кое беше забрането од 1 јануари 2016. Стана јасно дека тоа средство е широко користено од спортистите, со над 280 позитивни случаи и со специјална препорака од Светската анти-допинг агенција (ВАДА) за кревање на суспензијата на тие кои имале минимално количество во крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...