Новак во Париз по исполнување на судбината

Тој веќе неколкупати беше блиску до Купот на мускетарите завршувајќи како финалист три во последните четири години.

„Знам дека ја бара таа титула. Се надевам дека еден ден ќе ја освои титулата бидејќи ја заслужува“, изјави Стен Вавринка откако лани го победи за титулата.

Оваа година, дури и повеќе работи се во игра за Ѓоковиќ. Со низа од 21 победи на гренд слем турнирите, Ноле пристигнува во Париз со шанса да стане првиот човек по речиси половина век како актуелен шампион на сите гренд слем трофеи.



Тоа е нешто што не го направија ниту Роџер Федерер, Рафаел Надал, Пит Сампрас или Бјорн Борг. Последен човек со сите трофеи беше Род Лејвер во 1969 година, кога го комплетираше „вистинскиот гренд слем“, освојувајќи ги сите титули во иста календарска година.

Со освојувањето на Вимблдон и УС опен лани и Австралискиот опен во јануари, Ѓоковиќ е блиску до „Ноле слем“, нешто налик на „Серена слем“, серијата на Серена Вилијамс која успеа да ја направи двапати.

Светскиот број 1 е речиси непобедлив на која било подлога и на кој било турнир, со неверојатен 119-9 скор од почетокот на 2015, или 93% успешност со 16 титули зад себе. Во 2016, тој има 37-3 скор со пет трофеи.

„Самодовербата ми е на високо ниво поради многуте мечеви кои ги добив оваа година. На земја, но и на други подлоги“, вели Ѓоковиќ.

Сепак, во Париз тој доаѓа со пораз на црвена земја - од Енди Мареј во финалето на Италијанскиот опен, откако играше два тешки меча против Надал и Кеи Нишикори.



НАДАЛ И МАРЕЈ ВО ИГРА, ФЕДЕРЕР ВО АУТ

Пред една година, Ѓоковиќ го победи Надал во четврт-финалето во Париз, нанесувајќи му го само вториот пораз во 72 меча на турнирот на деветкратниот шампион. Меѓутоа, лани Надал имаше неверојатно лоша серија, додека оваа година ситуацијата е малку подобра.

Пред турнирот, тој вели дека не е оптоварен со освојувањето на „десима“, или десеттата титула од Париз, меѓутоа ако некаде може да се покаже неговата сила, тоа сигурно е на црвената земја на Ролан Гарос.

Фаворит од сенка може да се смета и Мареј, кој одеднаш е сопственик на три титули на подлогата откако своите гренд слем трофеи ги освои на хардкорт и трева.

„Не очекував да имам вакви резултати на земја. Ќе видиме што ќе се случи во Париз“, изјави Мареј по победата во Рим.

Неговите три титули на земја се освоени во последните 12 месеци, а исто така игра одлично на Ролан Гарос, со три полуфиналиња во последните четири години, со најдобар пласман во 2015, кога загуби во епски пет сета од Ѓоковиќ.

Еден фаворит сигурно нема да биде во Париз - Роџер Федерер. Швајцарецот првпат по 65 гренд слем турнири нема да настапи откако се уште се нема опоравено од повредите на грбот и коленото. Швајцарската гордост ќе ја брани Вавринка, актуелниот шампион кој имаше лоша сезона на земја - четврт-финале во Монте Карло, пораз во првиот меч во Мадрид и само една победа во Рим.

\



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...