Дождот предизвика хаос на првиот ден на Ролан Гарос

Дождот им предизвика главоболки на организаторите на Францускиот опен откако во 18.30 часот беше откажана неделната програма со само 10 комплетирани меча од предвидените 32.

Тенисот започна на време (11 часот), по силниот утрински дожд, дозволувајќи неколку натпреварувачи да „побрзаат“ во второто коло, како Ник Кирјиос и Петра Квитова. Мечевите продолжија на дожд, пред тенисерите да бидат пратени во соблекувалните во текот на попладнето.

Мала пауза во дождот дозволи малку тенис и во текот на попладнето, но потоа мечевите беа прекинати. Четвртата носителка Харбиња Мугуруза не го почна мечот со Ана-Каролина Шмидлова, додека петтиот носител Кеи Нишикори водеше со 6:1/7:5/2:1 на главниот „Филип Шартие“ терен пред мечот да биде прекинат.



Уште полошо за организаторите и во понеделник се очекува силен дожд, пред ситуацијата да се подобри во текот на неделата.

КВИТОВА „ПРЕЖИВЕА“ ПРОТИВ КОВИНИЌ

Двократната шампионка од Вимблдон, Петра Квитова едвај се „протна“ во второто коло на Ролан Гарос, откако со 6:2/4:6/7:5 ја победи Црногорката Данка Ковиниќ.

Чехинката лесно го освои првиот сет, меѓутоа Ковиниќ потоа влезе во фантастична форма освојувајќи го вториот сет, пред да сервира за мечот во третиот. Десеттата носителка, Квитва, се врати за да остане во мечот и потоа ги освои следните два гема за пласман во второто коло.

„Условите не беа лесни. Во вториот сет направив три грешки кога водев со 4:1 и тоа беше пресврт. Таа го почувствува тоа и се врати да биде поагресивна. Таа почна да сервира подобро, а јас грешев. Имав среќа што победив“, призна Квитова.

Во второто коло е и нејзината сонародничка, минатогодишнта финалистка Луцие Шафарова, која со 6:0/6:2 ја „збриша“ Русинката Виталија Дјаченко. Шафарова имаше големи здравствени проблеми по минатогодишниот Ролан Гарос, но се враќа во добра форма.

Русинката Анастасија Пављученкова загуби само два гема пред да ја совлада 19-годишната Шпанка Сара Сорибес Тормо со 6:2/6:0. Прогнозата за првото попладне на Францускиот опен не е добра бидејќи е предвиден дожд.

КИРЈИОС ВРЕСКАШЕ, ПА ПОБЕДИ

Контроверзниот Австралиец, Ник Кирјиос влезе во второто коло по тешкиот тест против Италијанецот Марко Чекинато, победувајќи со 7:6(6)/7:6(6)/6:4. Иако Кирјиос освојуваше повеќе поени, Чекинато, во своето деби на Ролан Гарос, остана смирен на големите поени и го принуди Австралиецот добро да се испоти посебно во првите два сета.

17. носител Кирјиос во првиот сет доби предупредување од судијата на столче за врескање кон момчињата кои носат топчиња барајќи крпа за бришење. Потоа тој го обвини судијата Карлос Рамос за „неверојатна пристрасност“ за казната, посочувајќи дека Новак Ѓоковиќ не беше казнет за туркањето на судијата Карлос Бернандес на Мастерсот во Рим минатата недела.

„Сите знаат што ќе се случеше ако јас го направев тоа - циркус! Тоа што тој не беше казнет кажува сè. Кога добивам крпа секогаш велам благодарам, но понекогаш сум лут“, вели Кирјиос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...