Мареј по пет сета во второто коло, Надал убедлив на стартот

Париз, 24.мај 2016 година – Вториот носител на Ролан Гарос Енди Мареј по пет сета игра успеа да се пласира во второто коло откако со 3:2 во сетови го победи Радек Степанек. Мареј во мечот кој почна вчера беше во негатива од два сета и губеше со 2:0, но сепак денеска во продолжението успеа да се врати и во решавачкиот сет беше 7:5 за Британецот. Мечот вчера беше прекинат поради темница.


За разлика од Мареј, четвртиот носител Рафаел Надал беше убедлив на стартот и во 1.коло на Сем Грот му препушти само три гема (во сите три сета по еден). Пласман во следната рунда обезбедија од фаворитите Томаш Бердих и Џон Изнер.

За разлика од мажите кај жените се случи и големо изненадување. Настапот во првото коло го заврши шампионакта од Австралија Опен Анжелик Кербер, која загуби од Кики Бертенс со 2:1 во сетови (6:2; 3:6 и 6:3). Турнирот заврши и за трикратната полуфиналистка на Ролан Гарос Јелена Јанковиќ, која е поразена со 2:1 во сетови од Татјана Марија.  
 
Во тек се уште мечеви од првото коло во двете конкуренции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...