ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

Скопје, 24 мај 2016 (МИА) - Ракометарките на ЖРК Вардар денеска и официјално ја потврдија одбраната на шампионската титула. „Вардарки“ попладнево убедливо со 45:24 ја победија екипата на Металург во рамки на заостанат дуел од 4.коло.



За тимот на ЖРК Вардар ова е четврта титула, сите освоени од 2013 година. Со оваа победа во салата „Автокоманда“ актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата.

Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 7 гола, Андреа Пенезиќ постигна 6. Кај Металург најпрецизна беше Марија Николиќ со 7 гола.

До крајот на првенството овие две екипи ќе одиграат уште еден натпревар, а домаќин ќе биде шампионот ЖРК Вардар и дуелот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ в четврток кога ќе биде и предаден шампионскиот пехар.

Табела: Вардар 21, Металург 15, Вардар јуниор 12, Куманово 3 (-1), Пелистер 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...