Вардар пред промоција во нов шампион

Дуелите меѓу Металург и Вардар до пред две сезони беа најголемото дерби на Балканот. Дуели кои решаваа кој ќе биде шампион, натпревари на кои никогаш не можеше со сигурност да се предвиди победникот.

Во последните две години Металург и Вардар тргнаа по различни патишта. Металург надолу, Вардар нагоре. Сега тешко дека можеме да зборуваме за дерби чиј резултат не може да се предвиди. Може и тоа многу лесно.

Вардар вечерва ќе биде промовиран во нов првак на Македонија. Со победа во „Автокоманда“ и математички ќе стигне до недостижна разлика на две кола до крајот. Со каков бил пораз помал од четири гола разлика Вардар ќе биде промовиран во нов шампион, само што математички ќе треба да почека до крајот.



Годинава видовме два дуела меѓу некогаш големите ривали, двата со ист резултат. На дуелот кој Металург беше подобар (споредено со двата перформанса против Вардар) загуби со 4 гола (22:26). На послабото издание загуби со седум (24:31), во финалето на Купот.

Би било убаво за Металург да биде рамноправен, да не зборуваме за можноста да освои бод или, пак, победи. Нема дилеми околу тоа дека Вардар нема да ја пропушти шансата да стигне до својата „децима“ вечерва во „Автокоманда“, но можеби клучно за следната сезона за Металург ќе биде вечерва да биде рамноправен.

Ако биде така, тогаш РФМ викендов ќе може (по)гласно да бара од ЕХФ место и за Металург во Лигата на шампионите следната сезона.

ЧЕРВАР: ЦЕЛТА Е ОСТВАРЕНА, НО НЕМА ПРЕДАВАЊЕ

Но, прво, вечерва Металург ќе треба да покаже дека може да биде рамноправен со Вардар, а тоа нема да биде лесна задача имајќи предвид како се одвиваа настаните во финалето на Купот на Македонија.

„Вардар е фаворит на овој натпревар, за тоа нема што да дискутираме. Но, ние ја исполнивме нашата цел. Практично го обезбедивме второто место, во оваа втора сезона како настапуваме во ваков состав. Блиску сме до целта, според мене заслужуваме и очекувам да добиеме место во Лигата на шампионите“, вели тренерот на Металург, Лино Червар.



„Но, тоа што е Вардар фаворит не значи дека нема да има борба. Не ни е ни на крај на памет да се предаваме. Ние немаме што да загубиме на овој натпревар. Ќе одиграме најдобро што можеме и ќе се обидеме да стигнеме до што подобар резултат“, вели Червар.

Металург за дуелите од Купот го врати во своите редови Јанко Божовиќ, но Австриецот не можеше да направи многу разлика, а немаше ниту некоја голема минутажа. Веројатно слично ќе биде и денеска затоа што Червар не верува дека тој е сто настотно подготвен да одигра како во есенскиот дел од сезоната.

ДУШЕБАЕВ: НАЈЛОШ ПРОТИВНИК Е ТОЈ ШТО НЕМА ШТО ДА ЗАГУБИ

„Знаеме дека нема да биде воопшто лесно. Металург има млад тим, кој е навистина квалитетен, а се предводени од искусен стратег, а згора на сè играат на домашен терен во Автокоманда. Иако сме фаворити, сепак, тоа ќе мораме да го потврдиме на теренот. Таму сме седуммина против седуммина и секоја грешка ќе биде строго казнета. Претпоставувам дека ќе играат со долги напади, а и самиот натпреварувачки формат ги остава во игра па и за титулата. Свесни се дека нема што да изгубат, а таквиот тим е најопасен кога го имаш за опонент. Искрено се надевам дека ќе се претставиме како во финалето од Купот на Македонија. Таму, прикажавме одлична игра во двата сегменти и сосема заслужено бевме подобри од Металург“, изјави десниот бек Алекс Душебаев.



Натпреварот ќе се одигра денеска, со почеток од 18:00 часот, а според праксата на РФМ кога се работи за вакви натпревари, судиите дополнително ќе бидат одредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...