Мареј повторно „преживуваше“



Вториот носител, кој во првото коло губеше 2:0 во сетови од чешкиот ветеран Радек Штепанек, пред да го добие мечот, овој пат на крајот победи со 6:2/2:6/4:6/6:2/6:3. Шкотланѓанецот изгледаше на пат до лесна победа кога водеше со еден сет и 2:0 против 164-рангираниот тенисер, кому ова му е прв меч на АТП турнејата и кој на турнирот дојде со вајлд-карта.

Меѓутоа, Мареј повторно имаше „топење“ во средината на мечот, кога Бург освои осум гема во низа вклучувајќи 16 последователни поени и покажа импресивна игра со скратени топки, силен форхенд и фантастичен волеј. 22-годишниот Французин продолжи исто и во третиот сет, пред Мареј да реагира.



Откако спаси три брејк-топки во првиот гем од четвртиот сет, кој траеше 10 минути, Мареј направи брејк за 3:1 по што беше сигурен за победа.

„Тој беше фантастичен и ги диктираше поените. Мислам дека пред него е фантастична иднина. Јас само можев да се борам до крај“, изјави Мареј.

Следен за него е уште еден тежок противник, 37-годишниот ветеран Иво Карловиќ, кој е најстариот човек во третото коло на гренд слем во последните 25 години.

Карловиќ, кој е 27. носител совлада уште еден тенисер кој настапува со вајлд-карта, Австралиецот Џордан Томпсон по четири и пол часа со 6:7(2)/6:3/7:6(3)/6:7(4)/12:10. Карловиќ имаше 41 ас и 102 директни победнички топки.

ХАЛЕП СО ТЕЖОК СТАРТ, НИШИКОРИ И ВАВРИНКА СИГУРНИ

Симона Халеп се намачи да влезе во третото коло на Ролан Гарос, додека вакви проблеми немаше јапонскиот фаворит Кеи Нишикори. Шестата носителка Халеп беше сметана за една од фаворитките во Париз и покрај нејзината слаба форма оваа година, но имаше проблематичен меч против Казахстанката Зарина Дијас губејќи со 4:1 во првиот сет, пред да стигне до 7:6(5)/6:2 победа.



Во меч полн со грешки (во еден момент Халеп загуби брејк со двојна сервис грешка), Романката, конечно, почна да игра добро во тај-брејкот за на крајот да победи во два сета.

„Беше навистина тешко и се борев за секој поен. Имам среќа што сум во третото коло“, вели Халеп.

Во третото коло е и двократната шампионка од Вимблдон, Петра Квитова, која загуби само пет гема при 6:4/6:1 победата над Тајванката Хсиех Су-Веи.

Кеи Нишикори исто така немаше проблеми со смирена 6:3/6:3/6:3 победа над Русинот Андреј Кузнецов. Нишикори е одличен играч на земја и тоа го покажа оваа година кога го намачи светскиот број 1 во полуфиналето на Мастерсот во Рим, но прво е на „пат“ да се сретне со Енди Мареј во четврт-финалето.

Актуелниот шампион Стен Вавринка за разлика од првото коло, кога мораше да се спасува во пет сета, овој пат немаше проблеми и со 7:6(7)/6:3/6:4 го победи Јапонецот Таро Даниел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...