Надал со 200. гренд слем победа

Рафаел Надал стигна до својата 200-та победа на гренд слем турнирите, откако го „суреди“ аргентинскиот аутсајдер Факундо Бањис со 6:3/6:0/6:3 во второто коло на Францускиот опен.

Во само неговиот шести гренд слем, Бањис направи брејк во првиот гем од мечот и поведе со 2:0, меѓутоа потоа Надал цврсто се врати на патот до 10. титуал од Ролан Гарос, и му дозволи само четири гема на противникот.

Надал е само осмиот тенисер во историјата со над 200 гренд слем победи. Откако лани беше во најлоша можна форма на Ролан Гарос, оваа година тој загуби само девет гема во првите две кола и сега ќе игра со својот сонародник Марсел Гранолјерс.



„Поважно е да се победи во второто коло, отколку да се стигне до 200 победи“, изјави 29-годишниот Надал, кој сега има 72-2 скор на Ролан Гарос.

Роџер Федерер, кој не игра на Францускиот опен е рекордер со 302 победи, додека Новак Ѓоковиќ има 216 победи.

Првиот носител Ѓоковиќ, кој ја брка круната од Париз за комплетирање на гренд слем колекцијата стигна до 50. победа на турнирот со 7:5/6:3/6:4 над белгискиот квалификант, 32-годишниот Стив Дарсис. Ова беше трета победа во три меча со Дарсис за Ѓоковиќ, но до неа не дојде лесно, откако направи 42 неизнудени грешки.

„Стив има прекар ’ајкула’ и тој добро му стои. Игра многу брзо, добар е од основната линија и не е лесно да ја диктираш играта против него. Тој е многу талентиран тенисер“, вели Ѓоковиќ, кој сега игра со „новопечениот“ Британец со словенечко потекло, Аљаж Бедене, кој со 7:6(4)/6:3/4:6/5:7/6:2.

СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС ВО ТРЕТО КОЛО

Првата носителка и актуелна шампионка, Серена Вилијамс немаше проблеми и лесно со 6:2/6:1 ја победи Бразилката Телијана Переиера за пласман меѓу најдобрите 32. Ова беше рутинска победа за Американката, која се надева дека ќе го освои 22. гренд слем во кариерата за да се израмни со модерниот рекорд на Штефи Граф.

„Играв навистина добро и среќна сум од победата“, вели Вилијамс, која имаше 31 директни победнички топки.



Нејзината постара сестра, 35-годишната Венус беше премоќна за 20-годишната американска квалификантка Луиза Чирико, победувајќи со 6:2/6:1 за пламан во третото коло на Францускиот опен првпат од 2010 година.

Венус загуби од Серена во финалето во Париз во 2002 година, но немаше многу успеси во последните години, губејќи во првото коло од 2012 до 2015, додека во 2011 не играше на турнирот. Двете сестри можат да се сретнат во полуфиналето.

Шампионката од Париз од 2008 година, Србинката Ана Ивановиќ влезе во третото коло по 10. пат, откако со 7:5/6:1 ја совлада Јапонката Куруми Нара. Јулија Путинцева од Казахстан со 6:2/6:2 ја изненади 28. носителка, Германката Андреа Петкович.

Тимеа Бачински, швајцарската осма носителка, која лани играше во полуфиналето, влезе во третото коло со 6:4/6:4 победа над Канаѓанката Јуџини Бушар, која се врати од 5:0 негатива во вториот сет, но немаше сили за пресврт. 22-годишната Бушар во 2014 стигна до полуфиналето на Францускиот опен.

Томаш Бердих, полуфиналистот од Ролан Гарос од 2010, влезе во третото коло откако со 6:1/2:6/6:2/6:4 го победи Малек Џазири, кој не успеа да стане првиот Тунижанец по 53 години со пласман во третото коло



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...