Манасков станува „лав“

Кратко траеше „љубовта“ меѓу Дејан Манасков и РК Вардар. Македонскиот репрезентативец по една сезона мината во нашиот најдобар клуб, сè одлучи да се врати во Бундеслигата, овој пат во екипата на Рајн Некар Левен. Иако не е објавено на колку години е ставен потпис, сепак се шпекулира дека крилото во Германија ќе биде минимум во наредните две сезони. Манасков е незадоволен од малата минутажа во „црвено-црниот“ дрес и очекувано доби предвремен раскин на договорот. Тој, во Рајн Некар ќе пристигне како замена за Уве Гензајмер кој парафираше со Пари Сен Жермен. Екипата од Манхајм веднаш реагираше и го ангажираше Гудјон Валур Сигурдсон од Барселона. Исланѓанецот има полни 36 години и РНЛ препотставуваме дека нема намера во битката во Бундес лигата и во Лигата на шампионите да се потпира само на неговите услуги.

Како што е познато, левото крило, минатата сезона ја одигра како ракометар на Вецлар.

„Многу сум среќен што ќе се вратам во Бундеслигата. Секој ракометар сонува за да игра во најсилната лига во светот, а Рајн Некар Левен е најдобриот тим таму. Се надевам дека овој клуб ќе ја освои титулата и дека јас ќе пристигнам во колектив кој идната сезона ќе ја брани титулата во Германија“ изјави Манасков.



„Секако дека големо е задоволството за да се донесе Дејан во Рајн Некар Левен. Тој е вистински борец а зад себе има големо интернационално искуство. Голем плус е тоа што добро збори германски и ја познава Бундеслигата со своето претходно искуство во Вецлар. Сигурен сум дека одлично ќе се вкопи со Гудјон Валур Сигурдсон“ потенцира тренерот Николај Јакобсен.

Манасков нема да биде единствениот играч кој ќе си замине од Вардар во наредниот период. На ваков чекор се одлучија уште и Матјаж Брумен, Сергеј Харбок и Алем Тоскиќ. Трансферот на Игор Карачиќ во Веспрем сè уште не е потврден, a истиот своја официјализација би требало да добие по финишот на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите кој ќе се одигра в сабота и недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...