Прибак до крајот на кариерата во Бешикташ

Македонскиот репрезентативец Немања Прибак (32) останува во турскиот шампионат и следните четири години (две плус две години). Иако имаше уште една година од договорот, на инсистирање на турскиот клуб соработката е продолжена и Прибак ќе остане во црно-белиот дрес уште цели четири сезони. Тој ги мина лекарските прегледи и потпиша нов договор.



„Се договоривме за продолжување на соработката, останувам уште четири години“, изјави Прибак за „Македонски спорт“. Тој летово беше поврзуван и со трансфер и наводно враќање во Франција каде што играше во „паузите“ од играњето во Вардар од 2010 до 2012 година.

„Јас и моето семејство сме среќни овде. Овде ја одиграв можеби најдобрата сезона и планирам овде и да ја завршам кариерата“, изјави Прибак за прес службата на Бешикташ при потпишувањето на договорот.

Прибак од 2007 до 2009 година играше за Вардар, по што замина во Колубара каде што остана една сезона, па потоа во Нант две сезони пред повторно да се врати во Вардар во 2012 година каде што остана до 2015 година.

За македонската репрезентација дебитираше на Европското првенство во Данска 2014 година. А можеби најважниот натпревар за македонскиот тим му беше последниот дуел со Чешка, во Скопје. Играше една од клучните улоги со двата гола и изнудениот пенал и тоа во периодот од 53 до 60 минута кога Македонија успеа да ја одбрани предноста од седум гола доволна за пласман на мунидијалот.

За турскиот Бешикташ кој минатата сезона прв пат играше во групната фаза на Лигата на шампионите постигна 55 гола и беше трет стрелец на тимот зад двајцата пеналџии, Дарко Ѓукиќ и Рамазан Доне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...