Ѓоковиќ и Мареј се првите носители на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се „поставени“ за нова пресметка во финале на гренд слем турнир откако Вимблдон шампионатот ги потврди како први носители за најголемиот турнир на трева на светот.

Светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ, е прв носител, додека второрангираниот Мареј е на второто носителско место, потврдија од Ол Ингланд клубот, бидејќи Вимблдон е единствениот гренд слем кој сам ги одредува носителските места без разлика на рејтингот, што значи дека тие можат да се сретнат само во финалето.



Ѓоковиќ оди на четврта титула од Вимблдон и трета едноподруго, а Србинот исто така „брка“ календарски гренд слем. Мареј ќе оди на трета гренд слем титула и прва откако го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон за да стане првиот британски тенисер со титула од овој турнир по 77 години.

Меѓутоа, Шкотланѓанецот има 13 порази во последните 15 меча со Србинот, вклучувајќи ги финалињата на Австралискиот опен и Ролан Гарос, иако има победа во последните два меча на трева против него и го освои рекордниот петти трофеј од Квинс Клаб минатата недела.

Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во последните две финалиња на Вимблдон, а швајцарската легенда е трет носител во новиот обид да стигне до рекордна осма титула од турнирот. 17-кратниот гренд слем шампион нема голем трофеј откако го освои Вимблдон во 2012 и имаше сезона полна со повреди, поради која го пропушти и Ролан Гарос.

Неговиот сонародник Стен Вавринка е чеврт носител, Јапонецот Кеи Нишикори е петти, додека светскиот рекет број 10 Ришар Гаске по полуфиналето минатата година е седми носител, а УС опен шампионот Марин Чилиќ од 13. место на АТП листата е деветти носител.

Кај жените, Серена Вилијамс е прва носителка како актуелна шампионка во обид да го израмни рекордот на Штефи Граф од 22 гренд слем титули. Вилијамс, која го освои Вимблдон шест пати, губи во последните две гренд слем финалиња.



Харбиње Мугуруза, Шпанката која ја победи на Ролан Гарос е втора носителка, пред финалистката од 2012, Полјачката Агњешка Радвањска. 25-годишната Јохана Конта како 17. носителка е прва Британка која е носителка по Џо Дјури во 1984 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...