Потпиша Обрадовиќ, заминаа Матиќ, Мраковичиќ..

Металург со години го „ловеше“ Немања Обрадовиќ, централниот бек од Србија. Уште од времето кога тој настапуваше за Металопластика под водство на покојниот Славко Новаковиќ. Се следеа неговите настапи, се правеше простор за трансфер, но до реализација на трансфер доаѓа дури сезонава?

Обрадовиќ во меѓувреме замина и во Франција, во второлигашот Валанс, па оттаму дојде во „Автокоманда“ каде што подолго време беше само на тренинг, сè додека конечно не е ставен потпис на договор.

Засега Немања Обрадовиќ е единствениот странец во Металург, не сметајќи го Матијашиќ.

Сит други или заминаа или се во статус „преговори“.

Лука Мраковчиќ веќе е заминат, Марко Матиќ е на излезна врата, се преговараат детали за неговото заминување со оглед на тоа дека има договор.

Слично е и со Марко Бувиниќ, десниот бек, позиција на која Металург е дефицитарен откако и Јанко Божовиќ замина за Португалија. Ситуацијата со Стефан Вујовиќ исто така е со статус „комплицирано“. Тој е практично играч на Металург, но со завршен договор и преговори кои почнуваат од нула.

Договорите со овие играчи се раскинуваат затоа што се менува и стратегијата на Металург. Со оглед на тоа дека следи смена на генерации во репрезентацијата, младите ракометари како Талески, Нелоски, Кузмановски, Крстевски и така натаму годинава ќе го кренат на свои плеќи товарот во СЕХА лига и во Лигата на шампионите.

Ќе бидат засилени и со странци. Обрадовиќ е првиот, а сите други трансфери се во рамки на шпекулации. Од Филип Лазаров и Вања Илиќ до Мартин Марчец, Стефан Дрогришки и така натаму. Не велиме дека нема некој од овие и да биде реализиран, но засега, освен ако Металург не ги крие од јавноста засилувањата, што би било несериозно, нема потврда за постигнат договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...