Вугринец се раздели со Макаби

Ренато Вугринец одново е слободен играч. Поранешниот ракометар на Металург и на македонската репрезентација го одработе договорот со изралескиот тим Макаби Ришон од Тел Авив и сега одново е слободен агент.

„Слободен играч сум, одново сум на ракометниот маркет“, вели Вугринец, кој од Израел заминува за Словенија, а по тоа ќе видиме каде ќе го однесе патот, затоа што иако има полни 41 година нема намера да ја заврши кариерата. Во меѓувреме Ренато Вугринец се суди со Металург околу неисплатените плати и раскинатиот договор од пред една и пол година.



Вугринец во Металург дојде во 2012 во последните моменти од преодниот рок, но многу брзо се вклопи во новата средина и за рекордно време ги освои срцата на македонските ракометни фанови, посебно на тие кои навиваат за Металург и на припадничките на понежниот пол.

Во дресот на Металург во 2013 година стана и втор стрелец во Лигата на шампионите со 95 гола, зад Момир Илиќ кој постигна 103, но српскиот бек имаше и два натпревара повеќе со оглед на тоа дека Веспрем и одигра два натпревара повеќе од Металург таа сезона.

Есента 2014 почна распадот на Металург, а Вугринец беше еден од ракометарите кои останаа до последен момент да ги бранат боите на клубот, но по мундијалот во Катар и тој како и речиси сите други си замина. Негова дестинација беше Израел каде што остана до крајот на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...