Ѓоковиќ го прави следниот чекор до „златниот слем“

Србинот има 12 гренд слем титули, нешто што само тројца тенисери успеале да го надминат, има четири едноподруго гренд слем титули, нешто што само двајца тенисери го направиле во историјата, а има и најмногу победи (44-3) и титули (6) во 2016.

Сега, на Вимблдон тој може да продолжи да „маршира“ кон нешто што го направила само една жена и ниту еден маж - златен слем, освојување на сите четири гренд слем титули во иста календарска година и олимписко злато во сингл конкуренција. Тоа го направи само Штефи Граф во незаборавната 1988 година.

„Ќе има многу притисок на него. За мене, верувам дека ќе го направи тоа“, изјави Род Лејвер, човекот кој двапати освојуваше календарски гренд слем (1963 и 1969), во ерата кога тенисот не беше дел од летните Олимпијади.

Ѓоковиќ ја освои првата титула од Францускиот опен овој месец за да стане првиот човек по Џим Куриер во 1992 кој стигнал до „половина гренд слем“ и тој верува дека тоа е можно.



„Не сакам да звучам арогантно, но мислам дека не постои нешто што не може да се оствари во животот“, изјави Ѓоковиќ, кој сега има серија од 28 победи на гренд слем турнирите.

ДО КАДЕ Е КОНКУРЕНЦИЈАТА?

На 29 години, Ѓоковиќ најверојатно е во „зенитот“ на својата кариера, со најдобар ретурн на сервис во тенисот, фантастична способност да го тера своето тело да направи неверојатни потези и да прејде од напад во одбрана во било кој момент. Со секој нареден меч, тој е подобар.

На Вимблдон, тој нема да го види Рафа Надал, кој се повлече поради повреда на левиот зглоб, 34-годишниот Роџер Федерер ги покажува своите години откако првпат од 2000 оди на Вимблдон без освоена АТП титула.

Најсериозниот противник останува да му биде стариот познаник Енди Мареј, човекот кого го победи во финалињата на Австралискиот опен и Рлан Гарос. Мареј има 10 гренд слем финалиња, но само две титули, иако двете победи му беа над Ѓоковиќ.

Мареј се врати на работа со Иван Лендл, тренерот со кого стигна до олимписко злато (на терените на Вимблдон), УС опен во 2012 и Вимблдон во 2013.

СЕРЕНА СО ПОИНАКОВ ПРЕДИЗВИК

Во 2015 година стана јасно колку притисок и внимание има кога некој се доближува до календарскиот гренд слем. Серена Вилијамс имаше три гренд слем титули во годината и беше на две победи од четвртиот трофеј на УС опен, кога се случи чудо. Вилијамс загуби од Роберта Винчи во полуфиналето во едно од најголемите изненадувања во историјата на тенисот.



Вилијамс нема освоено гренд слем од својата четврта титула едноподруго на Вимблдон лани откако прво загуби во финалето на Австралискиот опен од Германката Анџелике Кербер, а потоа беше поразена и од Шпанката Гарбиње Мугуруза во мечот за титулата на Фрнацускиот опен.

„Нешто ја држи Серена. Можеби се нервите“, коментираше 18-кратната гренд слем шампионка Крис Еверт.

Сепак, би било „лудо“ да се обложите против Вилијамс, носителка на шест титули од Ол Ингланд клубот. Нејзината „моќна игра“ е совршена за тревнатата подлога, а мотивацијата по серијата порази сигурно не недостасува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...