Два турнира за Металург

Лино Червар го објави планот за подготовките на Металург пред претстојната сезона. Металург ќе се подготвува во Македонија, а единствено ќе излезе накратко за да настапи на турнирот во Кањижа. Таму ќе бидат и екипите на Пик Сегед и БГК Мешков Брест, по тоа Нексе, Констанца и Партизан. Добар турнир за проверка на силите на „сино-белите“. Турнирот ќе се одржи од 26 до 29 август.



Претходно Металург ќе учествува и на турнирот во Струга (17-20 август). Таму ќе биде единствениот македонски претставник, а гости на стадионот „Женска плажа“ ќе бидат уште и Алингсас, Стеауа, Клуб Африкан, Шатр и Ал Шабаб.

Металург сè уште нема составено тим за следната сезона. Заминаа Божовиќ, Кукоски, Матиќ, Мраковчиќ, веројатно и Бувиниќ и Вујовиќ, а единствениот кој досега дојде е Немања Обрадовиќ, централниот бек на Валанс, односно Металопластика.

„И оваа сезона подготовките ќе почнат на 1 август. На почетокот на подготовките нема да бидам со тимот со оглед на тоа дека ќе бидам со јуниорската репрезентација на ЕП, па клубот ќе почне со мојот асистент. Ќе почнеме на 1 август, ќе се подговуваме на Маврово една недела, а по тоа ќе одиме во Струга и во Кањижа“, изјави Лино Червар за клупскиот веб-сајт.

Наскоро очекуваме од Металург да почне и да објавува новини околу играчкиот состав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...