Нов настап на македонските одбојкари на завршниот турнир во Европската лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го започнува својот трет настап на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Европската лига.

Откако на првиот свое учество завршија како трето пласирани, а лани беа поразени во финалето по што мораа да се задоволат со сребрениот медал, избраниците на Жарко Ристовски овој пат се надеваат дека третото учество ќе им донесе и најмногу среќа.



Иако пред почетокот на годинашното издание на Европската лига, се соочија со неколку откажувања, сепак со игрите кои ги прикажаа во првите два турнири од групната фаза кои ги завршија со максимални шест победи, македонските одбојкари со право може да се надеваат на нов голем резултат.

Сепак, задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи за остварување на „сонот„ најнапред ќе мора да се мине денешниот противник во полуфиналето Австрија, селекција која во Б групата заврши како второ рангирана зад Естонија од која ги претрпе единствените порази.

Натпреварот Македонија – Австрија ќе започне во терминот од 14 часот.

Во вториот полуфинален меч од 17 часот ќе играат домаќинот Бугарија и селекцијата на Естонија.

Во сабота е слободен ден, а во недела ќе се играат дуелите за медал и тоа, од 14 часот на програмата е средбата за бронзениот медал, а дуелот за златото, односно финалето ќе започне од 17 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...