Евентуална суспензија на Русија од ОИ идната недела

Решението на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за евентуалното исклучување на Русија од Олимписките игри во Рио де Женеиро е одложено за идниот вторник. Првиот човек на МОК, Томас Бах, најави ригорозни казни откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) излезе со извештај за систематски допинг, меѓутоа останува да видиме дали ќе се случи тоа или ќе бидат казнети само на оние кои го одобриле тоа додека на спортистите ќе им биде дозволено да се натпреваруваат.

Како што е соопштено истрагата во име на ВАДА ја извршил адвокатот Ричард Мекларен, кој вели дека има докази дека Министерството за спорт на Русија ги организирало, контролирало и ги надгледувало манипулациите со примероците за тестирање на спортистите. Во извештајот се споменува и изјавата на рускиот лекар Григориј Родченков, кој е поранешен директор на руската антидопинг агенција, дека владата наредила да се прикријат допинг случаевите на руските спортисти на Зимската олимпијада во Сочи 2014 година на кои 15 руски спортисти освоија медали со помош на недозволени средства.

Три недели пред почетокот на Игрите во Рио дури 10 антидопинг агенции од 10 држави побарале од МОК исклучување на сите руски спортисти. Потписници на барањето се САД, Јапонија, Нов Зеланд, Франција, Данска, Норвешка, Германија, Швајцарија, Канада и Шпанија.

Во меѓувреме еден од водечките функционери на Интернационалната антидопинг агенцијата, Жозеф де Панкерт, изјави дека ова е „веројатно најголем скандал во историјата на спортот во кој е вклучена и руската влада“.

Некои меѓународни федерации, како на пример ФИНА (пливање) се противат на дисквалификација на сите руски спортисти од ОИ. Истото го мисли и претседателот на Европскиот олимписки комитет Патрик Хикеј. Сепак, МОК ќе го даде последниот збор.

Претходно Меѓународната атлетска федерација не им дозволи на руските атлетичари да учествуваат на Олимпијадата во Рио.



МОСКВА: ОВА Е ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК

Во Русија се убедени дека зад иницијативата за исклучување на руските спортисти стојат „политички притисоци“. Министерот на спорт на Русија, Витали Мутко, за кого се вели дека по негова наредба се заменувале позитивните промероци со негативни, иницијативата за исклучување на руските спортисти ја нарече „фарса и политички притисок“ и се прашува како некоја „цивилна комисија“ може да обвини една држава.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека лицата кои се именувани во извештајот на ВАДА како непосредни извршители ќе бидат привремено суспендирани од своите работни места додека не се заврши истрагата и бара од агенцијата детални и објективни информации.

„Обвинувањата против руските спортисти се темелат на изјавата на една личност, човек со скандалозна репутација“, изјави Путин, кој мисли на некогашниот шеф на антидопинг комисијата Родченков против кого уште во 2012 година била покрената кривична постапка поради кршење на антидопинг правилата, но немало доволно докази па случајот бил затворен. Но случајот повторно е отворен на основа на нови докази, а еден од неговите роднини е осуден во Русија поради незаконска трговија со анаболички стероиди.

„Прашање е дали се меродавни и убедливи заклучоците засновани на сведочење на вакви луѓе“, додаде рускиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...