Мојсовски си замина од ЧСМ Букурешт

Неполна година траеше соработката меѓу Наумче Мојсовски и ЧСМ Букурешт. Поранешниот македонски репрезентативец и романскиот тим одлучија да не ја продолжат соработката, иако постоеше реална можност за тоа да се случи. Имено, во првичниот едногодишен договор постоеше можност истиот да се продолжи на нови 12 месеци, но до тоа не дојде.

„Контактирав со тренерот Шундовски и се договоривме дека најдобро е да не ја продолжиме соработката. Една година мината во овој клуб мислам дека е доста. Се надевам дека ќе ги остварат потцртаните цели за следната сезона. Јас во моментов се наоѓам на одмор и по враќањето ќе одлучам што и како ќе биде со мојата кариера“, изјави Мојсовски.

Екипата, која е под водство на Звонко Шундовски, подготовките за новата сезона ги стартуваше пред два дена. На истите се приклучи и новата аквизиција Гоце Георгиевски.

МОЖНО ВРАЌАЊЕ ВО КАТАР

Според одредени информации, Мојсовски би можел да се врати во катарскиот шампионат. По неуспешната авантура Лахвија, тој се врати во Европа, поточно во Букурешт.

„Во моментов се наоѓам на одмор и немам сериозно размислувано каде да ја продолжам својата кариера“, додаде Мојсо.

Клубовите од Блискиот Исток пројавиле голем интерес за ангажирање на Мојсовски и многу веројатно е дека таму ќе ја продолжи кариерата. Сепак, претходно ќе мора добро да се разгледаат истите, за да не се повтори случајот со Лахвија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...