Не обезбеди место во Рио, а постави светски рекорд

Американската атлетичарка Кендра Херисон постави нов светски рекорд на траката на 100 метри со пречки на митингот „Дијамантска лига“ во Лодон со тоа што истрча за 12.20 секунди. Херисон за една стотинка го собори 28 години стариот рекорд на Бугарката Јорданка Донкова која во 1988 година во Стара Загора истрча 12,21 секунда.

Херисон на почетокот на годината најави дека може да го урне рекордот на Донкова кога во Јуџин истрча 12,24. Интересно е што Американката претходно не успеа да избори норма во квалификациите за Олимписките игри во Рио де Женеиро, па така отпадна од атлетскиот тим на САД.



БОЛТ СЕ „СПРЕЧКА“ СО ГЕТЛИН

Јусеин Болт покажа дека ја поправа формата пред настапот на Олимпијадата во Рио. Шесткраниот олимписки првак беше најдобар во Лондон на 200 метри со истрчани 19,89 секунди што беше негова прва трка по санирањето на повредата на ногата.

„Си докажав себеси дека сум во добра форма. Се смеам на коментарите на Џастин Гетлин кој не покажа респект кон мене“, изјави Болт, кој во Рио ќе ги брани златата на 100 и 200 метри.

А Гетлин кој е главниот ривал на Јамајканецот на 100 метри беше еден од тие кои тврдеше дека во Јамајка и повреден атлетичар може да трча на Олимпијада за разлика од САД.

„Тој е повреден но доби дозвола од медицинскиот тим да трча. Но, тоа го прави неговата држава. Во САД не е возможно да учествуваш ако си повреден“, изјави Гетлин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...