Заврши годината за Федерер

Швајцарецот Роџер Федерер нема да учествува на Олимписките игри во Рио и нема да игра тенис до крајот на 2016 година затоа што му е потребно време да ја залечи повредата на коленото. „Федекс“ преку писмо им ја соопшти веста на своите фанови.

„По консултација со лекарите и мојот тим, морав да донесам многу тешка одлука, а тоа е да ја завршам сезоната затоа што ми е потребна сериозна рехабилитација од операцијата на коленото која ја имав на почетокот на годината. Докторите ми кажаа дека доколку сакам без проблеми да играм уште неколку сезони, што е и моја желба, морам да одмарам и да му дозволам на коленото добро да заздрави“, вели Федерер во писмото.



„Тешко ми паѓа тоа што ќе ги пропуштам сите турнири до крајот на годината. Но љубовта кон тенисот, турнирите и секако кон навивачите не се променила, јас сум мотивиран како и секогаш и морам да одам на подолга пауза за во 2017 година да бидам здрав и во форма“, соопшти Швајцарецот кој освои златен медал во двојки на ОИ во Пекинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...