Продолжија проблемите за Вознијацки

Четирикратната шампионка Каролине Вознијацки загуби во првото коло на Конектикат опен откако Летонката Елена Остапенко стигна до импресивна 7:5/6:2 победа.

51-рангираната Данка Вознијацки, која е поранешна светска тенисерка број 1, загуби во второто коло на Олимпијадата од Чехинката Петра Квитова, која, пак, со 1:6/6:3/6:3 ја победи Американката Луиза Чирико во Њу Хејвен.



19-годишната Остапенко играше во финалето во Доха во февруари, а е јуниорска шампионка од Вимблдон од 2014 година. Клучниот момент во нивниот меч беше во првиот сет, кога Вознијацки водеше со 5:3 и сервираше за сетот. Остапенко направи брејк двапати во следните четири гема, по што имаше уште една низа од четири гема за победа.

„По тој брејк, мечот се сврте. Каролине е голема тенисерка, но јас играв како да немам што да загубам“, вели 39-рангираната Остапенко, која сега игра со Полјачката Агњешка Радвањска, првата носителка.

Вознијацки имаше сет-поен на 5:3, но згреши на ретурн.

„Мислата беше таму, но не и изведбата“, признава Данката.

Таа имаше серија повреди оваа сезона и призна дека не играла најдобро, но додаде дека не треба да се омаловажува победата на Остапенко.

„Ова беше чудна година за мене, нешто на што не сум навикната. Фрустрирачки е кога тренирате добро, но во мечевите сте слаби. Кога играм на највисоко ниво барем не ми пречат поразите бидејќи тоа значи дека таа девојка била подобра од мене“, додава Вознијацки.

Во другите мечеви, Јуџини Бушар со 6:2/6:1 ја „прегази“ Германката Аника Бек, додека Елена Веснина со 6:1/6:4 ја победи Италијанката Камила Џорџи. 20-рангираната Веснина пристигна во Њу Хејвен како олимписка шампионка, бидејќи во Рио во двојки триумфираа заедно со Екатерина Макарова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...