Федерер и Надал партнери во двојки

Tениските икони Роџер Федерер и Рафаел Надал објавија дека ќе играат во двојки заедно на дебито на Лејвер купот следната година

Со комбинирани 31 гренд слем титули, Федерер и Надал потврдија дека ќе играат во првиот Лејвер куп, кој треба да биде тениската верзија на голферскиот Рајдерс куп.

„Мислам дека ќе биде неверојатно! Да се биде на истата страна на мрежата како Рафа ќе биде одлично чувство“, вели Федерер.

Именуван по австралискиот тениски великан, Род Лејвер, турнирот ќе се игра помеѓу група на европски тенисери против група на тенисери од остатокот на светот. Турнирот ќе се оддржува во Прага од 22 до 24 септември.

„Почестен сум и возуден од овој формат на натпреварување. Се надевам дека ќе биде нешто што ќе потрае во светот на тенисот“, вели Лејвер, 11-кратен гренд слем шампион, кој последен го освои календарскиот гренд слем во 1969 година.

Поранешните ривали, Бјорн Борг (за Европа) и Џон Мекинро (за остатокот на светот) ќе бидат капитени на тимовите. Во натпреварувањето ќе има тимови од по шест играчи одредени според рејтингот, но и избори на Мекинро и Борг. Турнирот, чиј ко-организатор е маркетинг-агенцијата на Федерер ќе се оддржува секој септември, иако ќе се „прескокнува“ олимписката година. Иако турнирот ќе биде со „пријателска атмосфера“, ќе има и награден фонд.

„Мислам дека тенисерите ќе сакаат да играат на турнирот. Зошто да не? Јас секогаш би кажал да на ваква идеја. Јас сум тука, Рафа ќе биде тука и се надевам дека и другите ќе сакаат да бидат на турнирот“, вели Федерер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...