Нема веќе гренд слем титули за Надал, вели Руседски

Рафаел Надал се подготвува за настап на УС опен без гренд слем титула во повеќе од две години и поранешниот британски број 1, Грег Руседски, смета дека славните денови на 30-годишниот тенисер се минато и дека нема да може да додаде нов гренд слем на 14-те освоени.

„Не гледам како Рафа би можел да освои нова гренд слем титула. Тој е голем шампион, но во моментов не гледам дека тоа е можно“, изјави Руседски, кој сега работи како соработник на спортската мрежа „Евроспорт“.



Сезоната 2016 година беше за заборав за Надал откако мораше да се повлече од Ролан Гарос, неговиот омилен турнир поради повреда на зглобот на раката, по што го пропушти Вимблдон, пред да се врати на Олимпијадата во Рио. Таму тој ја освои титулата во двојки со Марк Лопез, но загуби во мечот за бронзен медал од Јапонецот Кеи Нишикори.

„Целата 2016 за Рафа беше околу Ролан Гарос и тој повторно се повреди. Во Синсинати загуби од Борна Чориќ и не изгледа најздраво. Ако може да ги надмине проблемите со зглобот на раката, може да дојде до четврт-финалето, но не гледам како би можел да оди до крај и не би бил изненаден од ран пораз“, вели Руседски.

Англичанецот, кој стигна до финалето во Њујорк во 1997 година и загуби од Пет Рафтер, вели дека дури и Надал да биде 100% здрав, ќе му биде многу тешко во новата ера.

„Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ навистина се одвоија оваа година. Тие играа во финалињата во Австралија и Ролан Гарос и покажаа дека се во најдобра форма. Мислам дека и тука ќе го покажат својот авторитет“, вели Руседски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...