Ѓоковиќ како Феникс ќе се крева од пепелта

Олимписките игри во Рио де Жанеиро целосно го „спржија“ најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, но претстојниот УС Опен би можел да биде полигон на кој Ноле би можел како Феникс да се издигне и да дојде до голема победа.

И покрај добрата игра на конкурентите, изгледа дека и понатаму е прв фаворит за првото место на турнирот кој ќе се игра од понеделник, 29 август до 11 септември. Тоа ќе биде 136. издание, а Ѓоковиќ ќе ја брани титулата.

Се игра на тврда подлога, исто како и во Рио, што значи дека тенисерите нема да мораат да ги менуваат навиките, ниту стилот на играта, а имињата кои ќе стојат на патот на Новак се неколку.



Пред сите тука е Енди Мареј, кој освои златен медал во Рио, како и титула на Вимблдон и доаѓа во полна брзина во Њујорк. Рафаел Надал е под мал знак прашалник поради проблемите со зглобот на раката, но се очекува дека ќе игра. Ќе го нема Роџер Федерер, кој заздравува од операцијата на коленото, како и Томас Бердих. Сепак, тука ќе биде Хуан Мартин дел Потро, кој доби специјална покана за турнирот.

Секако, покрај Мареј и Дел Потро, треба да се даде внимание и на бронзениот од Рио, Кеи Нишикори, како и на Милош Раониќ, кој би можел да одигра добар турнир. Исто така, многу опасен е и Марин Чилиќ, кој веќе го има освоено овој турнир и доаѓа во Њујорк како освојувач на Синсинати. Значи, се наоѓа во добра форма.

Никако не смееме да ги заборавиме незгодните сервери како Џон Изнер, Сем Квереј...

Ѓоковиќ е раздрман на психилошки план, Мареј физички поради заморот, а Надал има повреда. Дел Потро и понатаму е „мачка во вреќа“. Ќе биде интересно да се следи развојот на настаните.



На кратко и за женскиот турнир. Ќе видиме колку брзо ќе се врати Серена Вилијамс по лошиот резултат во Рио, колку може тамошното најголемо изненадување Моника Пуиг, колку Анжелик Кербер, а колку Петра Квитова.

Почнува последниот гренд-слем турнир во годината, па подгответе се!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...