Наковска-Бикова и Каранфилов претставници на параолимписките игри во Рио

Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов се македонските претставници на претстојните параолимписки игри во Рио. Тие денеска, заедно со тренерот Бранислав Јовановски и другите сопатници за Рио, го најавија учеството на Параолимписките игри, надевајќи се на повторување на успехот од изминатите континентални натпревари.



- На мое големо задоволство денеска во просториите на АМС е параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја на Летните параолимписки игри во РИО, но и тим кој во изминатиов период бележи одлични резултати на меѓународните натпреварувања и во вистинска смисла на зборот покажува како треба да се бориш за националниот грб и татковината, рече директорот на Агенцијата Марјан Спасески.

Нагласи дека Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите натпреварувања.

Директорот Спасески информира дека годинава од буџетот на АМС за Федерацијата за спорт на инвалидизирани лица се издвоени околу 1.200.000 денари, за досегашните меѓународни настапи на нашите стрелачи, за подготовките за РИО, за набавка на нова опрема и реквизити, како и за стручната работа на тренерот и селекторот Бранимир Јовановски.

Во изминатите две децении, нашето спортско стрелаштво е најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото на Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера Наковска-Бикова во Лондон 2012. Овие тројца наши спортски великани се и носители на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија”.



Јовановски истакна дека изминатиов период имале напорен пат, пред се поради промените околу начинот на квалификации за Олимписки игри, но и во делот на правилата на натпреварување.

Наковска-Бикова изјави дека би сакала да го повтори успехот од Лондон, иако првенствена цел и е влез во финале.

Каранфилов очекува остварување на својот најдобар резултат годинава, чија вредност би му обезбедила сигурен влез во најдобрите осум.

Настапите на нашите стрелци се закажани за 9 септември - воздушен пиштол 10м, а два дена подоцна ќе се одржи дисциплината спортски пиштол-25м. Последниот настап е закажан за 14 септември, кога ќе се одржи дисциплината малокалибарски пиштол-50 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...