Вардар (не)комплетен против Брест

Вардар сезоната ја почнува со претпремиерен настап во вторник, на кој противник ќе му биде екипата на БГК Мешков или Мешков Брест како што се почесто се нарекува белорускиот шампион. Таа средба ќе се игра во вторник (20:30ч), а во понеделник Вардар ќе одржи и прес-конференција на која официјално ќе го назначи стартот на сезоната.

Тројцата „олимпијци“, Игор Карачиќ, Лука Циндриќ и Иван Чупиќ на Вардаровите подготовки ќе се приклучат во понеделник. Додека нивниот настап на премиерниот меч во новата сезона против Мешков Брест е неизвесен.



Тие ќе бидат само еден ден со Вардар и прашање е дали Раул веднаш ќе ги смести во „борбените“ редови или, пак, ќе им даде време малку да се адаптираат. Дуелот со Мешков Брест е важен, но тоа е само прв меч во долгата сезона.

Левото крило на Вардар, Русинот Тимур Дибиров, вели дека Вардар допрва почнува.

„На турнирот во Брест не можевме да настапиме со тимот што го имавме бидејќи се соочувавме со мали повреди. Македа, Кањелас, Марсениќ и Деревен имаа ситни проблеми и моравме да настапиме со комбинирани сили“, почна Тимур Дибиров.

„Натпреварот во вторник против Мешков Брест ќе значи и официјален старт на новата сезона. Не знам дали во тимот ќе се приклучат и тројцата хрватски репрезентативци кои настапија на Олимпијадата. Но, според мене тоа не би било коректно бидејќи и тие заслужуваат одмор. Знаеме колку е напорно целото лето да тренираш со националниот тим, а потоа веднаш да се префрлиш на клупските обврски. И без Карачиќ, Циндриќ и Чупиќ, овој состав на Вардар има сили за да тргне победнички во новата сезона“, додаде левото крило.

Дуелот меѓу Вардар и Мешков Брест е натпревар од 5.коло на СЕХА лигата, но поради премногу густиот распоред и обврските на екипите во Лигата на шампионите, договорено е првенството да стартува во вторник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...