Мареј ја „затвора“ златната година, Серена под притисок

Енди Мареј самиот признава дека го игра „најдобриот тенис во кариерата“ и затоа е прв фаворит за втора титула на УС опен во период кога неговите ривали се мачат со повреди и со несигурна игра. Кај дамите, Серена Вилијамс ја има првата шанса да го помине рекордот на Штефи Граф од 22 гренд слем титули. Добредојдовте во Њујорк, каде што сè е можно.

Пред понеделничкиот старт на УС опен, 29-годишниот Мареј е човекот во најдобра позиција. Откако го загуби финалето на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ во јуни, Мареј победи на Квинс Клаб, стигна до втората титула од Вимблдон и успешно ја одбрани олимписката круна во Рио.

Неговата низа од 22 меча без победа запре во финалето во Синсинати минатиот викенд, кога беше поразен од Хрватот Марин Чилиќ, кога едноставно се умори. Но, тоа не ја намали неговата самодоверба на турнирот каде што пред четири години го освои првиот гренд слем, како прв Британец по 76 години.

„Морате да ги искористите своите шанси. Сега имам поинаков ментален пристап отколку кога бев помлад и кога мислев дека имам многу време пред мене“, вели Мареј.

Тој ги играше сите гренд слем финалиња, губејќи од Ѓоковиќ во Мелбурн и Париз, пред да го победи Милош Раонич на Вимблдон.

ЃОКОВИЌ ЈА ВРАЌА САМОДОВЕРБАТА



Додека од една страна Мареј е полн со самодоверба, формата на светскиот број 1, Ѓоковиќ, е во сосема поинаква насока. Откако ја освои првата титула од Ролан Гарос за да ја комплетира гренд слем колекцијата се очекуваше дека Србинот ќе има „златен слем“ - сите гренд слем титули и олимпискиот трофеј.

Меѓутоа, тогаш дојде поразот во третото коло на Вимблдон, негов најран пораз на гренд слем последните 7 години, по што загуби во првото коло на олимпискиот турнир од Хуан Мартин дел Потро. Повлекувањето од Синсинати со повреда на зглобот значеше дека шампионот од 2011 и 2015 година не е во најдобра форма.

„Не сум 100%, но се надевам дека во понеделник ќе бидам. Зглобот не е совршен последните три недели, но имам неколку методи за лечење“, вели Србинот.

Освен тие двајца, од турнирот првпат од 2000 отсуствува петкратниот шампион Роџер Федерер, кој ја прекрати сезоната по повредата на коленото на Вимблдон. Рафаел Надал, шампионот од 2010 и 2013 година по проблематичниот старт на сезоната се врати со олимписко злато во двојки, меѓутоа тој не е меѓу фаворитите.

Други конкуренти се и Стен Вавринка, двократниот полуфиналист, Раонич, кој сè уште го нема минато 4. коло, како и изненадувачкиот шампион од 2014, Марин Чилиќ.

СЕРЕНА ПОВТОРНО ПО ИСТОРИЈА ВО ЊУЈОРК



Серена Вилијамс пристигнува на Флешинг Медоуз повторно со шанса да се запише во тениската историја доколку тоа го дозволи повредата на десното рамо. 34-годишната Американка го израмни рекордот на Штефи Граф од 22 гренд слем титули во сингл во Опен ерата на Вимблдон во јули и со седми триумф на УС опен ќе се доближи до апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 титули.

Таа исто така може да го сруши и рекордот на Граф од 186 недели на врвот на ВТА листата, меѓутоа лани таа беше апсолутен фаворит за победа исто така пред да загуби во полуфиналето од Роберта Винчи. По ова следуваа два порази во гренд слем финалињата (Австралија и Ролан Гарос), пред да ја победи Анџелике Кербер во финалето на Вимблдон.

„Во овој момент, одам ден по ден. Поопуштена сум од лани тоа е дефитивно“, вели Вилијамс, која загуби во третото коло на олимпискиот турнир од Елина Свитолина.

Германката Кербер, која ја победи Вилијамс на Австралискиот опен е една од тенисерките кои можат да ја заменат Серена на првото место на ВТА листата. 28-годишната Германка освои титула од Штутгарт, олимписко сребро од Рио и финалиња во Бризбејн и Синсинати.

„Посебно е да си закана за Вилијамс, бидејќи Серена е една од најдобрите спортистки на светот“, вели Кербер.

Шанси за првото место има и третата носителка Гарбиње Мугуруза, иако 22-годишната Шпанка мора да биде подобра од претходните посети во кои има само една победа.

Новак имал „лични проблеми“!

Проблемите со повредите, но и „личните работи" влијаеле на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, на Вимблдон, открива Србинот пред УС опен. Откако загуби во третото коло на Вимблдон од Американецот Сем Квереј, Ѓоковиќ изјави дека „не е 100% подготвен“, но сега вели дека се работи за „лична работа“.

„Не беше ништо физичко, немав повреда. Беа некои други работи, приватни работи низ кои минував. Не беше поврзано со повредата на зглобот во Рио. Сите имаме приватни проблеми и работи кои се повеќе предизвик отколку проблем, нешто што мораме да го надминеме за да еволуираме како луѓе. Тоа беше периодот за мене. Се реши и животот продолжува како и секогаш“, вели 29-годишниот Србин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...