Вардар тргнува на СЕХА фронтот

Вардар - Мешков Брест 20:30 ч.

Сала: СЦ Јане Сандански“ во Скопје. Капацитет: 6.200. Судии: Давид Сок и Бојан Лех од Словенија. Делегат: Јанко Пожежник од Словенија



* „Лигата е квалитетна како никогаш досега, но и покрај тоа Вардар ја посакува титулата по пауза од неколку години“, најавија од „црвено-црниот“ табор



Најдобриот македонски ракометен колектив, Вардар, вечерва (20:30 ч.) против Мешков Брест ќе има чест да ја отвори шестата сезона во СЕХА лигата. Најквалитетното регионално натпреварување, кое има тенденција овој епитет да го зголеми и низ цела Европа, е силно како никогаш досега. Со влегувањето на словенечките екипи Горење и Целје, и враќањето на вториот македонски претставник Металург, како и останувањето на шампионот Веспрем, нè очекува поквалитетна и повозбудлива сезона од сите претходни.

Вардар и во оваа натпреварувачка година ја посакува титулата која ќе биде трета во клупската историја, но, ако претходно беше тешко, сега е двојно.

Прв тест за вардарци ќе претставува Мешков Брест. Добро познат противник, кој во летниот период доведе голем број квалитетни засилувања со цел уште подобар настап во СЕХА, како и во Лигата на шампионите.

„Свесни сме дека оваа сезона СЕХА лигата ќе биде најдобра во историјата на ова натпреварување. Голем број од екипите кои што ќе учествуваат, настапуваат и во Лигата на шампионите, затоа ќе биде навистина тешко за да се стигне до фајнл фор турнирот“, почна тренерот Раул Гонзалез

„Кај Вардар нема промени во амбициите, а тоа се најпрвин влез на Ф4, а потоа борба за самата титула. Мешков Брест е сериозен ривал, екипа која има раст во последните години. Таму играат ракометари како Џамали, Атман, Кристопанс, Рутенка, и затоа сум свесен дека воопшто нема да ни биде лесно“, додава шпанскиот стратег.

ИМ ТРЕБА ВРЕМЕ НА НОВИТЕ ИГРАЧИ

Голем број на промени претрпе играчкиот кадар на Вардар. Жоан Кањелас, Рожерио Фереира, Иван Чупиќ и Вуко Борозан летово го облекоа црвено-црниот дрес.

„Имаме промени во тимот затоа јасно е, на новите ракометари ќе им треба време да се прилагодат на новиот клуб. Исто така нашиот систем на игра е различен, но, со текот на деновите сè ќе си дојде на свое место. Очекувам квалитетен натпревар против Мешков а истовремено се надевам дека нашите фанови ќе уживаат“ додаде Раул.

Од друга страна, пак, Вардаровиот тим го напуштија пет ракометари, од кои дел беа носители на играта изминативе години.

ТРОЈЦАТА ОЛИМПИЈЦИ НЕИЗВЕСНИ

Игор Карачиќ, Лука Циндриќ и најновата аквизиција Иван Чупиќ по настапите со хрватската репрезентација на Олимпијадата во Рио де Жанеиро, вчера се приклучија кон остатокот од тимот. И покрај одработениот еден тренинг, сè уште е неизвесно дали тие ќе му се стават на располагање на тренерот Гонзалез.

„Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со тројцата хрватски ракометари и дополнително ќе утврдам дали тие ќе бидат подготвени за настап“.

ПРВ ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ НА СТОИЛОВ КАКО КАПИТЕН

Откако Филип Лазаров по петгодишна служба летово го напушти Вардар, Стојанче Стоилов беше назначен за нов капитен. Пикерот, кој важи за еден од најголемите миленици на „црвено-црната“ армија фанови, денеска ќе го одигра својот прв официјален меч како капитен.

„Споредувајќи ја со минатата, оваа сезона ќе биде далеку поинтересна и поквалитетна бидејќи имаме и тимови од Словенија. Со тоа, предизвикот за настап на Ф4 турнирот претставува поголем предизвик. Во претходните изданија очигледно беше дека Вардар ќе настапи на завршницата од СЕХА, но овој пат ниту еден тим не може тоа да го има загарантирано. Ако се исклучи Лигата на шампионите, тогаш СЕХА лигата претставува најдобрата на овој континент. И покрај тоа, нашата цел е по пауза од неколку години да го вратиме трофејот во витрините. А победа против Мешков ќе значи дека одличен почеток на патот за да стигнеме до трофејот, изјави новиот капитен.

СЕ ТРГНУВА ОД 5. КОЛО

Самиот натпреварувачки тек на СЕХА лигата, како и минатите сезони, така и оваа ќе се игра по измешан редослед. Така, сезоната ќе започне со меч кој е предвиден да се игра во петтото коло. Вардар првото коло ќе го одигра на 6 септември, кога за опонент ќе го има големиот ривал Металург, кој со своето враќање во оваа лига ќе придонесе за дополнително разгорување на скопското дерби, кое на наша голема радост ќе има и регионален карактер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...