Хрватска ќе ја пречека Аргентина во Дејвис Куп финалето

Леонардо Маер за Аргентина и Марин Чилиќ за Хрватска беа клучните луѓе за пласман во Дејвис куп финалето, кое ќе се игра во Хрватска од 25 до 27 ноември

Маер е новиот аргентински тениски херој откако успеа да го добие одлучувачкиот петти меч и да ја однесе Аргентина во финалето на Дејвис купот. Маер го замени повредениот Хуан Мартин дел Потро за одлучувачкиот меч откако Енди Мареј го доби првиот сингл меч против Гвидо Пелја и израмни на 2:2. Ден Еванс беше британската надеж за второ финале во низа, и започна одлично освојувајќи го првиот сет, пред Маер да влезе во ритам и да победи со 4:6/6:3/6:2/6:4.

За Маер ова е можеби најголемата победа во кариерата, а доаѓа откако во март доби повреда на рамото и испадна од топ 50 на машкиот тенис.



Шампионот од УС опен 2014 година, Чилиќ лесно со 6:3/6:2/7:5 го победи Гаске за на Хрватите да им даде недостижно 3:1 водство и да ги прати во второ финале откако пред 11 години ја совладаа Словачка за единствената тимска тениска титула.

Чилиќ беше човекот на одлука во Задар, откако победи во двата сингл меча и во мечот во двојки со Иван Додиг во саботата, кога ги изненадија прворангираните Никола Мау и Пјер-Иг Ербер.

ДЕЈВИС КУП, ПОЛУФИНАЛЕ

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - АРГЕНТИНА 2:3

Е.Мареј (Бри) - Дел Потро (Арг) 4:6/7:5/7:6(5)/3:6/4:6

Едмунд (Бри) - Пелја (Арг) 7:6(5)/4:6/3:6/2:6

Е.Мареј/Џ.Мареј (Бри) - Дел Потро/Л.Маер (Арг) 6:1/3:6/6:4/6:4

Е.Мареј (Бри) - Пелја (Арг) 6:3/6:2/6:3

Едмунд (Бри) - Л.Маер (Арг) 6:4/3:6/2:6/4:6

ХРВАТСКА - ФРАНЦИЈА 2:3

Чориќ (Хрв) - Гаске (Фра) 2:6/6:7(5)/1:6

Чилиќ (Хрв) - Пује (Фра) 6:1/7:6(4)/2:6/6:2

Додиг/Чилиќ (Хрв) - Ербер/Мау (Фра) 7:6(6)/5:7/7:6(6)/6:3

Чилиќ (Хрв) - Гаске (Фра) 6:3/6:2/7:5

Драгања (Хрв) - Пује (Фра) 4:6/4:6

ДЕЈВИС КУП, ЗА ОПСТАНОК ВО СВЕТСКА ГРУПА

Узбекистан - Швајцарија 2:3

Белгија - Бразил 4:0

Австралија - Словачка 3:0

Канада - Чиле 3:0

Русија - Казахстан 3:1

Индија - Шпанија 0:5

Германија - Полска 3:2

Јапонија - Украина 5:0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...