Вардар нема време за славење

По убедливиот триумф над Целје, македонскиот шампион Вардар денеска (20:30ч.) ќе ја продолжи својата СЕХА Газпром авантура против Татран Прешов. Во „црвено-црните“ редови нема простор за славење бидејќи приоритет ќе биде нов триумф со кој ќе се задржи лидерското место во Југоисточното европско натпреварување.

„На последниот меч со Целје одигравме добро и ефикасно во офанзивата. 5-1 одбраната добро функционираше, и на крај успеавме со голема разлика да победиме квалитетен противник. Секако дека сме малку уморени од овој ритам на средби, но ние сме лидери и со победа сакаме да ја зацврстиме таа позиција. Во СЕХА лигата нема лесни ривали и доколку сакаме да бодеме на фајнл-фор турнирот тогаш мораме да остваруваме триумфи“, изјави Раул Гонзалез.

Тимот од Словачка веќе неколку денови се наоѓа во Скопје бидејќи во неделата му гостуваше и на Металург, во меч во кој загуби со 27:21.



СОСТАВОТ НЕИЗВЕСЕН ДО ПОСЛЕДЕН МИГ

Големиот број натпревари во краток период го принудија Раул Гонзалез максимално да ги чува силите на ракометарите. Така, составот за денешниот натпревар ќе биде познат по утринскиот тренинг.

„Ќе решам кој ќе игра по последниот тренинг бидејќи има доста време до натпреварот. Секако тие што ќе излезат ќе треба да покажат подобра игра, а пред сè навивачите треба да уживаат“, додаде Раул.

Откако не настапија против Целје, за очекување е во денешниот состав да се појават Игор Карачиќ, Владо Недановски и Страхиња Милиќ.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА

Вардар е во серија од четири едноподруго победи. По неуверливиот старт на сезоната против Мешков, нашиот шампион далеку ја подобри својата игра и триумфираше над Металург, Веспрем, ППД Загреб и Целје.

„Ние сме во добра форма и сакаме да ја продолжиме серијата триумфи. Не смееме да бидеме опуштени поради тоа што сме лидери, зашто во СЕХА лигата секој тим е конкурентен. Повторно ќе кажам нашата цел е да играме на Ф4 турнирот и тоа значи дека не смееме повеќе да губиме бодови. Се сеќаваме на играта против Мешков Брест и подготвени сме да го дадеме максимумот против Татран“, истакна капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.



ПОСЛЕДЕН МЕЧ ПРЕД СТАРТОТ НА ЛШ

Натпреварот со Татран Прешов за „црвено-црните“ ќе биде последен пред стартот на активностите во Лигата на шампионите. Во првиот меч од новата сезона од најелитното клупско натпреварување, вардарци в недела (16:15 ч.) ќе играат на гостински терен против Кристијанштад. Така, денешната средба со Татран ќе претставува и последен „тест“ на кој треба да се поправат и завршните финеси пред кревањето на завесата во ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...