Серена нема да брза со кам-бекот

Серена Вилијамс вели дека и е доста да игра со повреди. 22-кратната гренд слем шампионка го загуби првото место на ВТА листата од Германката Анџелике Кербер откако загуби во полуфиналето на УС опен, во сезона во која имаше проблеми со повредите на рамото и на коленото.

Американката, која ќе наполни 35 години следната недела, сега не сака да поставува датум за нејзиниот кам-бек, велејќи дека прво сака да е сигурна дека е физички подготвена.



„Доста ми е од играње на турнири со повреди и губење на мечеви кои обично не би ги загубила. Сакам да се осигурам дека сум здрава и дека играм на барем 80 или 70 отсто. Така ќе можам да сум на највисокото ниво“, изјави Вилијамс при отворањето на новата тениска академија на нејзиниот тренер, Французинот Патрик Муратоглу во Ница.

Повредата на коленото ѝ пречеше на Вилијамс во шокантниот пораз од Чехинката Каролина Плишкова на Флешинг Медоуз, иако таа одби да ја префрли вината на повредата. Таа има само една гренд слем титула оваа година (Вимблдон) во споредба со три во 2015. Таа има закажано уште три турнири во 2016 - два во Кина и завршниот ВТА шампионат во Сингапур на 24 октомври.

„Да бидеме искрени, ова беше лоша сезона за Серена. Имаше многу повреди и не можеше да игра многу, на само осум турнири. Затоа секој турнир без титула е лош резултат за неа“, изјави Муратоглу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...