Завесата на ЛШ се крева во Истанбул

Со дуелот меѓу екипите на Бешикташ и португалскиот шампион Брага, денеска, во Истанбул ќе биде крената завесата на новата сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Тоа ќе биде натпревар од групата „Д“, а веќе утре на програмата се уште три натпревари, од кои еден е од носечките групи.

Викендов ќе прскаат искри низ терените ширум Европа, а посебно внимание ќе биде посветено на двата дерби натпревара од групата „А“.



В сабота, ланскиот финалист, Веспрем, гостува во Флензбург, а в недела, во Кил доаѓа Пари Сен Жермен.

Викендов стартуваат и двата македонски претставника. Вардар ќе патува во Шведска, кај Кристијанштад, додека Металург на домашен терен го пречекува првакот на Норвешка, Елверум.

ВЕСПРЕМ Е ПРВ ФАВОРИТ

Годинава најголем фаворит за освојување на шампионската титула е екипата на Веспрем. Унгарците лани веќе го имаа шампионскиот пехар во рацете, но успеаја нешто што ретко се успева, да прокоцкаат девет гола предност за помалку од 20 минути.

Тој неуспех не беше со уништувачки карактер за клубот. Напротив, сега Веспрем е посилен од кога и да е. Го замени Кристијан Цајц со Габор Анчин и Марко Копљар, како надополнување за Гасшпер Маргуч дојде Драган Гајиќ, а доведоа вкупно 12 нови ракометари. Сега имаат ростер од 35 играчи, но никој не вели дека нема оваа бројка да се зголеми.

На стартот во СЕХА Гаспром лигата не играа на високо ниво, но играа без Палмарсон, Сулиќ, додека Чема Родригрз играше малку, другите воигруваа.

Веднаш зад Веспрем на листата на фаворити е Пари Сен Жермен. Конечно, Звонимир Сердарушиќ има на сите позиции ол стар играчи. Последното големо име е Уве Гензајмер, кој дојде како засилување на левата крилна позиција.

Со Карабатиќите, Микел Хансен, Абало, Омејер, Акамбре... ПСЖ изгледа како тим кој едноставно не може да загуби. Но, како што обично бива, кога има многу ѕвезди не оди како што треба. Докази за тоа има на сите страни, во сите спортови. А ПСЖ има премногу ѕвезди во тимот.

Европскиот првак Келце, сега е посилен од лани. Конечно со ангажманот на Дејан Бомбач донесоа алтернатива и за Урош Зорман, па сега имаат два креативци во тимот, а откако го испратија Иван Чупиќ за Скопје, го доведоа Дарко Ѓукиќ. Но, тие се и една година повозрасни и веќе стигнаа до врвот минатата сезона, па можеби ќе почне нивниот пад.



По ова трио следуваат неколку екипи кои се исто ниво. Вардар, Флензбург, Барселона, Рајн Некар Левен, Кил, па по нив се Мешков Брест, Висла Плоцк, Пик Сегед...

ЛОША ЖДРЕПКА ЗА ВАРДАР

Тоа што Вардар не е во групата со ПСЖ, Кил, Веспрем и Барселона само на прв поглед може да изгледа како добра ждрепка. Но, тоа е сè освен добра ждрепка од најмалку две причини.

Прво, споменатите противници се далеку поатрактивни и самото нивно доаѓање во Скопје ќе беше доволно да се прогласи ракометен празник.

Второ, доколку не го освои првото место во групата, Вардар ќе налета во 1/4 финалето на еден од овие тимови. А кој и да е, нема да биде нималку наивен.

Металург нема да се бори за фајнал фор туку за своја слава. Од „Ц“ и „Д“ групата не се оди во Келн, тоа треба да е поприлично јасно. Самото присуство на овие екипи во ЛШ се должи повеќе на тоа што ЕХФ сакаше да го рашири малку спортот и низ државите кои вообичаено не би дошле до ЛШ и со самото тоа би изгубиле волја и да финансираат во спортот и да плаќаат високи сметки за играње во Европа.

Но, имињата како Монпеље, Нант, Чеховски Медведи, па и Металург или Ла Риоха прават и овој дел од Лигата на шампионите да биде предизвик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...