Патот до Келн почнува преку Кристијанштад

Четвртата сезона во Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар ќе ја стартува утре (16:15 ч.) на гостински терен против Кристијанштад. „Црвено-црните“ повторно се соочуваат со императивот наречен фајнл фор турнир кој и овој пат ќе се одржи во Келн. За да биде почетокот успешен, вардарци ќе мораат да имаат победнички старт во Б групата. Противникот е добро познат бидејќи во двата минатосезонски наврати ја почувствува моќта на Вардар. Никој не би имало ништо против тоа да се повтори и утре, иако изјавите кои доаѓаат од редовите на нашиот шампион се претпазливи.



„Треба да го почитуваме Кристијанштад. Но, јас сакам да одиграме како на последните натпревари во Скопје, од СЕХА лигата. Ќе се обидеме да наметнеме брз ракомет. Вардар исто така сега има нови играчи, а во минатата сезона требаше да менуваме најмалку двајца ракометари во напад и одбрана. Во таква ситуација тешко е да се игра брзо, но сега имаме помалку измени“, кажа тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Овие тимови до сега имаат одиграни до сега имаат одиграно две официјални средби. Тоа се случи минатата сезона кога во групната фаза од ЛШ Вардар беше максимален.

На првата средба која се одигра на почетокот на октомври минатата година, нашиот шампион на гостински терен триумфираше со 30:25. Неколку месеци подоцна, односно на самиот почеток на 2016 година, „црвено-црните“ пред домашните фанови остварија една тешка победа од 38:36.

КЕЛЦЕ Е ФАВОРИТ ВО ГРУПАТА

Според предводникот на „црвено-црните“ Лигата на шампионите е силна како никогаш досега. Во групата, најголем фаворит за првото место е актуелниот освојувач на титулата, Келце.

„Секој тој што кажува дека Вардар е фаворит за пласман на фајнл фор турнирот значи нема почит кон останатите екипи. Многу наши противници имаат шанси да бидат победници, не само во групата туку и со шанса за пласман на завршницата во Келн. Ние сме во група со Келце, кој е европски првак и нормално е тие да бидат фаворити. Кога некој зборува поинаку, тогаш тој нема почит кон Келце“, додаде Гонзалез.

АНГЕЛОВ И НЕДАНОВСКИ ОСТАНУВААТ ВО СКОПЈЕ

Петар Ангелов нема да отпатува со остатокот од тимот бидејќи Гонзалез за овој меч ги пријави Арпад Штербик и Страхиња Милиќ. Додека состојбата на Владо Недановски е позната.

Крилото поради дисторзија на скочниот зглоб ќе мора да паузира во наредните денови. Недановски се повреди при еден обид да постигне гол во мечот од СЕХА Гаспром лигата против Татран Прешов. По извршените лекарски прегледи, тој ќе мора да прима терапија и да одмора во наредните денови.



Покрај почетокот на ЛШ, Недановски нема да настапи и против Горење во рамките од СЕХА лигата, на 28 септември во Скопје.

„МАКЕДОНСКАТА“ БАРСЕЛОНА ОТВОРА ПРОТИВ ВИСЛА ПЛОЦК

Двајцата македонски репрезентативци, членови на Барселона, Кире Лазаров и Борко Ристовски првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите ќе го имаат утре против Висла Плоцк. Каталонскиот тим, кој ова лето го ангажираше и голманот Ристовски, и во оваа натпреварувачка година важат за едни од најголемите фаворити за освојување на титулата.

Во утрешната програма ќе настапи и уште еден Македонец. Дејан Манасков со својот Рајн Некар Левен за противник ќе го има Пик Сегед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...