Металург и Нексе го поделија пленот

МЕТАЛУРГ – НЕКСЕ 25:25 (10:11)

Сала: „ВИП Арена Борис Трајковски“. Судии: Борис Шаторџија и Саша Панџиќ од БиХ. Делегат: Владимир Јовиќ од БиХ

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров, Дрогришки, Младеновиќ, Костески 2, Кузмановски 1, Драгаш 8, Јагуриновски, Нелоски, Талески 3, Велковски 4, Брајовиќ, Пешевски 2, Палевски, Марчец 5

Седмерци: 5/7 Исклучувања: 6 мин.

Нексе: Лелиќ, Лоргер, Гаџа 3, Етер, Зрниќ 7, Мрѓеновиќ 2, Јаман, Сршен 1, Нуиќ 2, Сакиќ, Халиковиќ, Дундовиќ, Вегар 4, Ненадиќ 4, Шпилер 2, Херцег

Седмерци: 3/3 Исклучувња: 16 мин.

Металург не успеа двете победи да ги претвори во низа откако синоќа одигра нерешено на домашен терен од Нексе на петтиот натпревар од СЕХА Гаспром лигата.

Нексе дојде во незгоден момент за Металург, меѓу два натпревара од Лигата на шампионите, но тоа не е оправдување за периодите на игра во која Металург мораше да одигра позрело. Сеедно, ракометот што го прикажаа скопските ракометари беше допадлив и на ниво на квалитетот на обете екипи, а нерешениот резултат е можеби најреален.

Во првото полувреме гледавме, изненадувачки кога е Металург во прашање, ракомет кој беше убав и за око.

Металург, веројатно, првпат сезонава не беше ориентиран на тоа да прими што помалку голови, па акциите беа многу побрзи, дури ќе потенцираме уште еднаш, изненадувачки Металург играше и доста брзо. Транзицијата одеше сосема добро, па иако имаше грешки немаше многу грешки, а и добро покриваа во одбрана, иако таа не беше на ниво од Лигата на шампионите на пример.

Нексе отвори подобро. Поведе со 2:0, малку подоцна и со 5:2 и тоа главно со голови постигнати од надворешните позиции или со добри пасови до пикерот Мрѓеновиќ, кој, пак, имаше мал хендикеп, односно мошне рано заработи две исклучувања.

Првото исклучување на Нексе веднаш беше проследено и со второ, а за тоа време Металург влезе во серија од од 2:5, го сврте резултатот во своја корист и поведе со 6:5.

Не беше ова меч на Талески како во саботата со Елверум. Сега придонес дадоа сите играчи, а во игра на кратко го видовме и играчот околу кого се водеше битка со Пелистер – Стефан Дрогришки.

Откако Металург поведе силите на теренот се израмнија, а Нексе одново ја врати предноста која не надмина два гола. Дарко Арсиќ имаше сосема солидна партија и ги одбрани тие шутеви што мораше да ги одбрани. Имаше и период во кој мрежите мируваа неколку напади, при резултат 8:8, иако акциите и на двете страни беа поволно и на моменти атрактивно. На полувреме се замина со резултат 11:10 за Нексе, благодарение на тоа што напаѓачите на Металург во два-три наврати не успеаја добро да одиграат преку пикерот.

Тие пасови ги чекаше одбраната на Нексе, па иако во неколку наврати Пешевски успеваше да прифати, во финишот на полувремето одбраната на Нексе беше поуспешна и тоа ги одржа во водство и покрај тоа што и тие не блескаа во нападот.

Металург имаше и последен напад за реми, но немаше доволно време.

Вториот дел, почна во стилот на првото полувреме. Со два гола за Нексе по што Хрватите поведоа со 13:10, пред Мартин Велковски со својот втор гол да намали на 11:13.

Милан Ненадиќ и Мартин Вегар беа најдобрите играчи на Нексе, а вториот беше стрелец на голот за нови три гола разлика 14:11, по тоа се надоврза и Сршен и Нексе имаше максимални четири гола предност (15:11).

Три слаби напади во серија на македонскиот тим значеа и серија од 3:0 за Нексе, кој без да прикаже некоја посебна игра поведе со 18:12.

Металург покажа знаци на живот и намали на 15:19 во 45. минута по што Зденко Корди побара минута одмор.

Мартин Томовски, кој го замени Арсиќ во вториот дел бранеше одлично и Металург доби шанса за целосно да се врати во игра. Костески по претходно одиграна одлична акција намали на16:19, но одново два лоши напади и Нексе се врати во предност од 22:17, на нешто повеќе од 10 минути до крајот.

На пет минути до крајот Металург намали на 23:24, откако Драгаш постигна гол од пенал, а Нексе остана и со играч помалку по исклучувањето на Вегар. Мартин Велковски беше можеби најдобриот играч на теренот до крајот на мечот. Постигна два гола и изнуди пенал со кој Металург на минута и пол до крајот поведе со 25:24. Израмни Шпилер, а во последниот напад, Металург се обиде преку Нелоски, но топката отиде високо над голот.

РЕЗУЛТАТИ:

ИЗВИЃАЧ – ППД ЗАГРЕБ 26:28 (15:17)
Хрстиќ 6, Сарач 5 - Хорват 6, Мандалиниќ 6
ТАТРАН – МЕШКОВ БРЕСТ 25:30 (10:14)
Рбек 8, Хрстка 6 – Криштопанс 6, Атман 4
СЕХА ГАСПРОМ
ТАБЕЛА:
1. Вардар 6 5 1 0 198:161 16
2. Мешков 5 3 1 1 145:131 10
3. Веспрем 4 3 0 1 98:94 9
4. Целје 5 3 0 2 148:156 9
5. ППД Загреб 3 2 0 1 87:75 6
6. Металург 5 1 1 3 120:119 4
7. Горење 3 1 0 2 71:75 3
8. Нексе 5 1 1 3 131:137 3
9. Татран 5 1 0 4 123:151 3
10. Извиѓач 4 0 0 4 115:139 0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...