„Црвено-црните“ подготвени за нов спектакл

ВАРДАР – ГОРЕЊЕ 17:45 ч.

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Капацитет: 6.200. Судии: Борис Шаторџија и Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина

* Македонскиот првак е во одлична форма и денеска ќе сака истата да ја потврди и на теренот, ова ќе биде и прво враќање на Тоскиќ и Брумен, кои летово го напуштија Вардар и заминаа во редовите на Горење

Екипата на Вардар денеска против Горење во 17:45 часот ќе го одигра седмиот натпревар од СЕХА Гаспром лигата. Македонскиот шампион има одличен почеток во новата сезона, а добрата форма ќе се обиде да ја продолжи и денеска против добро познат противник.

Предноста од домашен терен и квалитетот се дефинитивно на страната на „црвено-црните“, кои важат за големи фаворити, но тоа ќе мора да се докаже на теренот. По стартниот неуспех против Мешков Брест, Вардар врза пет едноподруго победи и со тоа изби на првото место на табелата.

„Лидери сме во СЕХА лигата и мораме да го потврдиме тоа. Двапати бевме подобри од Горење во подготовките и сакам по третпат да славиме над нив. Се наоѓаме во добра форма и мораме да се фокусираме да го задржиме ритамот“, кратко изјави Раул Гонзалез.

Во двете контролни средби коишто се одиграа на крајот на август, Вардар триумфираше два пати. Во првата средба нашиот првак беше подобар минимално (27:26), додека на вториот меч славевме со 38:27.

Единствено од тимот ќе отсуствува Владо Недановски, кој има повреда на скочниот зглоб на десната нога. На голот, пак, се очекува да застане Петар Ангелов, кој исто така го пропушти натпреварот со Кристијанштад.

„КАМ-БЕК“ НА ТОСКИЌ И БРУМЕН

Денешниот натпревар меѓу Вардар и Горење ќе има специјално значење за Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. Поранешните ракометари на нашиот шампион, кои до пред само неколку месеци го носеа црвено-црниот дрес ќе се вратат во Скопје, но овој пат како ракометари на Горење.

Двајцата ракометари минативе сезони многу придонесоа во градењето на Вардар каков што денеска го гледаме, затоа публиката со голем аплауз ќе ги пречека овие двајца играчи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...