Кастратовиќ: Не може ова да ни се повторува секоја сезона

Скопје, 15 октомври 2016 (МИА) – Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ беше незадоволна од играта на своите избранички по синоќешното реми со ФТЦ Будимпешта.

- Ние во ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар. Тие имаат добра екипа и тренер што ги води и можам само да им честитам за прикажаната игра. Што се однесува до нашиот тим ние не покажавме ниту 10 отсто од тоа што го подготвувавме и очекувавме дека ќе дадат. Не може ова да се повторува секоја година, нормално не сум задоволна девојките треба да покажат многу повеќе од ова што го видовме вечерва. Не одработивме како што се договаравме последниот месец дена. Треба да работиме и на самодоверба кај девојките кога ќе влезат во игра. Примивме 27 гола, што е многу. Во прво полувреме дадовме 17 гола што е добро, но и примивме 14 што е многу. Имаме пет нови играчи, но тоа не е барање на алиби. Тренираме многу, но не може во клучни моменти да паѓаат психолошки, изјави Кастратовиќ на прес-конференцијата по натпреварот со унгарскиот тим кој заврши нерешено 27:27.

Слично размислува и германската интернационалка во редовите на „црвено-црните“ Ања Алтхаус.

- Не знам што да кажам. Чудно е, од една страна сме среќни што освоивме бод, но требаше да победиме. Едвај чекавме да започне сезоната и знаевме дека овој прв натпревар ќе биде тежок. Делумно сум среќна што освоивме поен но ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат, рече Атхаус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...