Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Кастратовиќ со прво обраќање во јавноста

По четири години минати како тренер на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ од неделата не е повеќе предводник на ЖРК Вардар. По нерешениот резултат со ФТЦ Ференцварош (27:27), раководството на нашиот шампион реши да ѝ се заблагодари на Кастратовиќ за нејзиното остварување како тренер.



„Имав четири прекрасни години во Вардар и чест ми е што од самиот почеток бев дел од овој проект. Раководството донесе одлука за мое заминување и таа ја почитувам. Јас сум професионалец а спортот е таков, не може секогаш да слушаме одлуки кои ни се допаѓаат, но мора да се почитуваат. На тимот му посакувам голем успех во иднина се надевам дека ќе ги остварат потцртаните цели“, изјави Кастратовиќ.

Во периодот од овие четири години, Индира го предводеше ЖРК Вардар до „покер“ титули во домашниот шампионат, три круни во Купот на Македонија, додека во Лигата на шампионите „црвено-црните“ трипати стигнаа до бронзениот медал на фајнл-фор турнирите.

БЕЗ КОНКРЕТНИ ПЛАНОВИ ЗА ВО ИДНИНА



Одлуката која ја донесе раководството на нашиот шампион, од една страна може да изгледа изненадувачка, но од друга нè. Такво нешто можеше да се насети по минатосезонскиот неуспех каде што вардарки повторно го освоија само третото место во ЛШ, иако важеа за фаворит број еден за титулата. Сепак, „шамарот“ од ЧСМ Букурешт во полуфиналето како да беше отрезнувачко за раководството.

Индира, пак, откако остана без ангажман сѝ уште нема конкретна идеја каде би ја продолжила кариерата.

„Оставам да помине некој период за да видиме што и како ќе биде. Во моментов нема ништо конкретно“, додаде Кастратовиќ.

ФТЦ ДОНЕСЕ РАДОСТ, НО И ТАГА



Ако се вратиме назад, околу 14 години ќе се присетиме дека Индира Кастратовиќ тогаш како дел од Кометал Ѓорче Петров, токму против ФТЦ, но тогаш со додаток Херц, ја освои титулата во Лигата на шампионите.Кометал е првиот женски македонски колектив кој ја има освоено титулата, а вардарки се веќе во четврти обид. Во петокот, токму ФТЦ со нерешениот резултат од 27:27 ја прекина „авантурата“ меѓу Кастратовиќ и ЖРК Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...