Металург беше лесен залак за Горење

ГОРЕЊЕ – МЕТАЛУРГ 23:18 (12:7)

Сала: Рдеча дворана“ во Велење. Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонжурек од Хрватска. Делегат: Владимир Сокол од Хрватска

Горење: Базник, Цехте 3, Медвед 2, Овничек, Левц 1, Стојниќ, Тоскиќ 2, Митровиќ 4, Поточник 2, Голчар 1, Клец 2, Гамс, Запоншек, Ратајец, Носан, Брумен 6

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров 3, Дрогришки 3, Костески 1, Обрадовиќ, Кузмановски 3, Илиќ 3, Јагуриновски, Печенковски, Нелоски 1, Талески 3, Велковски, Брајовиќ 1, Пешевски

Седмерци: 2/2 Исклучувања:/



*На натпревар на кој не видовме ни премногу жар ни премногу борба, Металург го запиша петтиот пораз во СЕХА Гаспром лигата. Горење беше прилично убедлив и славеше триумф од 28:23





Екипата на Металург од своето прво СЕХА гостување сезонава се враќа со пораз од пет гола што и не е најреален однос на силите со оглед на тоа дека Горење имаше шанси да извојува многу повисока победа.

Металург на овој натпревар на теренот главно имаше постава од македонски играчи, со мала ротација која не даде резултат, посебно не во првиот дел.

Слабата игра во нападот беше главната карактеристика во првите 17 минути од натпреварот на кој Металург постигна само еден-единствен гол. Одбраната на Горење предводена од довчерашниот вардарец Алем Тоскиќ, се движеше брзо и добро, излегуваа, затвораа на време и металурговите бекови почнаа да прават грешки кои професионални ракометари кои играат во Лига на шампиони не смеат да ги прават.

За тоа време уште еден бивш вардарец, Матјаж Брумен, заедно со споменатиот Тоскиќ постигнаа пет гола, а серијата на Горење запре по погодокот на Митровиќ за водство од 6:1.

По овој резултат, мрежите мируваа извесен период поради зачестените грешки и слабата реализација на двата тима, а постот по полни 15 минути на Металург го прекина Дрогришки.

По ова играта на Металург не стана многу подобра, но барем голови се постигнуваа почесто, па дури и на една ваква лоша претстава, македонскиот вицепрвак доби шанса и резултатски да се врати во игра.

Намали на 7:11 Металург, а откако пропушти шанса да комплетен приклучок, Горење одново се одлепи и полувремето го заврши на безбедна дистанца од пет гола (12:7).

Во вториот дел, ништо ново. Словенците имаа контрола, Металург во воведниот период бркаше каква-таква шанса за резултатски приклучок, но бројните удари од неизградени позиции по слаб напад ги уништија сите шанси за интересен натпревар.

Горење иако не играше со папучата за гас притисната до крај, поведе и со девет гола разлика, а откако и времето ја прекорачи 55 минута, Металург успеа со серија од 5:1 да стигне до пораз кој барем според бројките е поднослив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...