Вардар се враќа во елитата

Како и секоја година, Одбојкарската федерација на Македонија се соочува со проблеми да го склопи бројот на екипите кои ќе настапуваат во новата сезона. Со голем број промени кога станува збор за двете конкуренции, ОФМ најави дека идната сезона ќе почне идниот викенд.

Во машката конкуренција, по пауза од три години ќе гледаме и државно првенство во Скопје бидејќи за претстојната натпреварувачка година пријавен е и Вардар. Тимот кој има долга традиција кога станува збор за одбојката, по три сезони повторно се реактивира во најсилното друштво.

Машкиот дел кој го сочинуваат осум клубови и покрај Вардар ќе биде дополнет и со Струмица, шампионот Шутова, Пробиштип, Лешок, УГД „Студент“ клуб кој минатата сезона настапуваше како Мавис, Лирија и ГОК „Борец“ од Велес, кој исто така е ново име.

Натпреварувачкиот систем, пак, иако беше најавено дека ќе доживее промени, сепак, нема да биде така.

Мажите остануваат на трокружен бод систем, а по завршувањето на регуларниот дел од сезоната првиот и третиот, односно вториот и четвртиот тим на табелата ќе се соочат во плеј-офот. Се играат во два добиени натпревари, а победниците ќе играат во финалето во три добиени дуели. Во есенскиот дел од сезоната момците ќе одиграат осум кола и еден куп меч, додека вториот дел го стартуваат во февруари следната година со четвртфиналните натпревари од Купот на ОФМ.

РАБОТНИЧКИ И ДЕФИНИТИВНО ВО „АУТ“ КАЈ ДЕВОЈКИТЕ

Идентично како и кај мажите, така и женската конкуренција претрпе големи промени, а се чини дека најголем удар е тоа што ќе го нема Работнички. Шампионот од пред две години, кој пред самото минатосезонско финале се одлучи да не настапи поради финансиски проблеми, нема да го гледаме ниту оваа година.

Така, актуелниот бранител на тронот, Јанта Волеј, се чини дека ќе нема поголеми потешкотии до одбрана на насловот. Наковски волеј, УГД „Студент“, Универзитет во Тетово и ОК СВСК се новите колективни кои што „изникнаа“ пред стартот на сезоната. Тука се и „староседелците“ Македонија од Струмица и Бами Кор од Тетово.

Девојките, пак, во регуларниот дел ќе играат двокружно, а по нивното комплетирање последните две екипи на табелата завршуваат со настап. Додека првите четири во Лигата одново ќе играат двокружно. Најдобрите две екипи на крајот ќе играат во финалниот плеј-оф а победникот ќе се одлучува во три добиени средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...