Самсоненко: Тешко беше да се донесе ваква одлука

Скопје, 19 октомври 2016 (МИА) – Женскиот ракометен клуб на Вардар по стартниот нерешен резултат со ФТЦ во Лигата на шампионите во петокот донесе одлука да ја смени Индира Кастратовиќ, а од саботата со ракометарките работи нејзиниот помошник Аце Станковски.

На денешниот прес пред дуелот со Лајпциг, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко изјави дека нема да се брза со назначување нов тренер по тешката одлука да с епрекине соработката со Индира.

- Тешко беше да се донесе ваква одлука. Бараме тренер, но нема да брзаме. Не сакам да погрешиме во избор. Со тимот ќе раководи тренерски тим (јас, Едуард Кокшаров и Аце Станковски), а јас сум одговорен за играта и резултатите. Лани со исклучок на полуфиналето одигравме добра сезона. Овие денови во работата ќе ни помага и Давид Девис Камара, но тој останува со да работи со машката екипа.

За смената на Кастратовиќ, претседателот на клубот Гордана Нацева напомена:

- Управата на клубот беше незадоволна од неубедливиот старт и нерешениот резултат со ФТЦ. Индира Кастратовиќ е од почетокот во Вардар, воедно понудено и е да остане во клубот со цел да се искористи нејзиното искуство.

За претстојниот дуел со Лајпциг, тренерот Станковски очекува бодовите да останат во Скопје.

- Очекувам со максимален ангажман да стигнеме до првата победа и сметам дека сме поквалитетни од нив. Имаме мали здравствени проблеми, но очекувам сите што ќе бидат на теренот да го дадат својот максимум.

Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...