Самсоненко, Кокшаров и Станковски на клупата на ЖРК Вардар

ПЕТОК 21.10.2016
ЖРК ВАРДАР – ЛАЈПЦИГ 20:30 ч.
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: 6.200. Судии: Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска. Делегат: Розита Димкова од Бугарија

* Сопственикот на клубот, заедно со спортскиот директор, како и Аце Станковски ќе бидат на клупата на македонскиот шампион сè додека не се пронајде вистинската замена на Кастратовиќ

* „Во моментов се прават анализи и преговори со тренерите. Јас предложив да направиме тренерски тим составен од Станковски Кокшаров и јас како помош во координација, така нема да има главен тренер туку тим“, изјави Самсоненко

Во моментите додека се бара квалитетна замена за Индира Кастратовиќ, ЖРК Вардар во наредниот период, вклучувајќи го и утрешниот меч против Лајпциг, ќе биде предводен од триото Самсоненко-Кокшаров-Станковски. Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, на вчерашната прес-конференција ја презентираше оваа идеја и додаде дека ја презема одговорноста за сите случувања во клубот.



„Од саботата беше донесена одлуката за смена на Кастратовиќ. Од самиот тој момент почнавме да размислуваме и да бараме соодветна замена. Тоа беше неочекувана одлука, па за такво нешто ни треба време. Сега се прават анализи и преговори со нејзините заменици. Јас предложив да направиме тренерски тим составен од Аце Станковски, Едуард Кокшаров и јас како човек за помош во координација. Нема да има главен тренер туку ќе функционираме како тим. Одговорноста за резултатите и игра јас ја преземам врз мене. Ако играме лошо, моја ќе биде одговорноста“, изјави Самсоненко.

„Ваквата одлука е донесена исклучиво од раководството, но може да имаат влијание ракометарките. Ние имаме таков став. Во екипата треба дисциплина и секој да ги исполнува своите обврски. Ракометарките треба да го работат своето, тренерите своето, а администрација да носи одлуки. Влијание може повеќе да има од публиката и новинарите бидејќи и тие се дел од спортот.

„Големо почит кон Индира имам и јас и тимот. Таа е легенда во ракометот и многу придонесе за овој спорт. Секоја година имаше незадоволство на моменти. Ако е ова погрешен потег, тогаш тоа е моја вина. Јас ѝ верував. Не издржав и, според нашата проценка, немаше игра и не функционираше како што треба. Незадоволството по последниот Ф4 беше не само кон стручниот штаб туку и кон ракометарките. Од прв ден зборуваме дека ракометарите треба да играат со срце. Верувам дека некогаш не оди. Но, мора да се бориш со срце. Тогаш ќе имаш почитување и од публика, и од новинарите“, додаде сопственикот на Вардар

ПОМОШ ОД ДАВИД ДЕЈВИС

Асистентот во машкиот тим, Давид Дејвис Камара, овие денови им помага на девојките во овие неколку денови пред петочниот меч.



„Се трудиме побрзо да најдеме кандидат што ќе ја преземе екипа. Би сакал да потврдам дека побаравме помош од Давид Дејвис, помошникот во машкиот тим. По наша проценка, освен тој лош полуфинален натпревар на Ф4, што за мене и сите беше срам како игравме, на другите мечеви се претставивме добро. Затоа побаравме помош на неколку денови бидејќи тој има други обврски. Се надевам дека брзо ќе имаме нов тренер, сега не можам да кажам, не сакам да погрешам во изборот на нов тренер. Од наша страна ќе дадеме сè да биде среќна и екипата и публиката. Сакам посебно да ѝ се заблагодарам на публиката бидејќи на првиот меч со ФТЦ ни даде добра поддршка. Би ги поканил да нè поддржат, а ние ќе се потрудиме да уживаат во натпреварот и да редиме победи“ , додаде првиот човек на „црвено-црните“.

ПОНУДЕНА Е ФУНКЦИЈА НА ИНДИРА

Раководството на нашиот шампион откри дека е понудена функција на Кастратовиќ да остане како дел од ова семејство. Сепак, не беше точно прецизирано за што станува збор.

„Од првиот меч на ЛШ се случија промени. Одлучивме да ја прекинеме соработката со Кастратовиќ. Не бевме задоволни од стартот и од тоа дека ќе изгубиме бод дома. Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука. Се надеваме дека оваа одлука ќе биде добра и дека ќе се консолидираме. Индира максимално се вложи и остави белег во тимот. Од првата домашна титула, па сè до мај. Понудено и е да остане и да го имаме искуството што го има. Се надевам дека ќе прифати. Јас сум убедена дека ќе остане. Се надевам дека в петок ќе ја оствариме првата победа против Лајпциг“, кажа претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева.

САМО ПОБЕДА Е ОПЦИЈА ПРОТИВ ЛАЈПЦИГ

И вториот натпревар во новата сезона ракометарките на ЖРК Вардар ќе го играат на домашен терен, овој пат против Лајпциг. Еден од најквалитетните германски тимови в петок (20:30 ч.) ќе гостува во Скопје во меч од групата Ц. Вардарки не смеат да дозволат нов кикс, како на стартот против ФТЦ.



„На претходниот меч изгубивме драгоцени бодови коишто не ни беа во математиката, но не се навраќаме, сакаме да одиме напред. Се консолидиравме и имаме помош од тренерот на машката екипа Давид Дејвис. Девојките ја согледаа целата ситуација со ФТЦ и желни се за победа. Максимално ќе се ангажираат на следниот натпревар со Лајпциг, ќе дадат сѐ од себе да ја извојуваме првата победа во овој дел од Лигата на шампионите. Со анализи и гледање видеа за противникот верувам дека ќе извојуваме победа. Не треба да мислиме дека е слаба екипа, има рејтинг, но, сепак, треба да сметаме дека сме над нив“, вели Аце Станковски.

„Лајпциг не е лоша екипа, но нашиот квалитет е повисок. Можам да ветам само борба и победа. Независно што се случи со Индира, тоа е одлука на клубот, наша задача е да ги земеме овие два бода“, кратко кажа Ина Суслина.

„Ние сме професионалци и мора работата да ја одработиме до крај. Не ни останува ништо друго освен да победиме и, конечно, да освоиме два бода во Скопје“, најави Андреа Пенезиќ.

Дополнителен проблем за ЖРК Вардар претставува потенцијалната можност за неиграње на Барбара Лазовиќ и Тамара Мавсар, кои имаат стомачен вирус. Андреа Кликовац, пак, дефинитивно нема да биде во тимот поради инфекција на окото.

И покрај овие неповолни вести, сепак, нашиот шампион претставува огромен фаворит на утрешниот меч, од каде што желбите и очекувањата се прва победа во новата сезона од најелитното клупско натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...