Документарниот филм „Јас сум Болт“, сниман во Пекинг, Лондон, Рио и Германија, во кој се следи кариерата на неповторливиот Јусеин Болт наскоро ќе се гледа во светските кина. Болт ќе присуствува на премиерата на филмот во „Лестер сквер“ во Лондон на 28 ноември.
„Мојата цел со филмот е да се покаже каков е навистина мојот живот“, изјави Болт.