Осум месеци суспензија за Левов!

По три мирни сезони во кои Дисциплинската комисија на РФМ практично „уживаше“, годинава екипите и играчите како да подзаборавија дека времињата кога се прогледуваше низ прсти се минато.

Актуелното раководство на РФМ уште при доаѓањето се декларираше дека нема да толерира никави испади и инциденти, и тоа генерално се почитуваше. Но, по некоја сезона во која сè беше мирно, годинава се врати за момент подзаборавениот менталитет.

Дека РФМ не отстапил од своите принципи, на потешкиот начин ќе почувствуваат неколку играчи и клубови.

Така, сезоната е завршена за Милан Левов, бекот на Радовиш кој на средбата со Еурофарм Работник минатото коло физички го нападна Ашраф Адли, мароканскиот пикер на битолскиот тим. РФМ го казни поранешниот репрезентативец со забрана за настап од осум месеци.

Инцидент имаше на средбата Вардар Јуниор - Борец. Епилогот од таа средба е следниов:

Божидар Симиќ е суспендиран на пет натпревари, Кристијан Давитковски на три, Иван Ангелов е суспендиран два натпревари. Сите се од Вардар Јуниор.

Илија Крстевски од Борец е суспендиран два натпревара.

Горан Симиќ, тренерот на голманите на Вардар, е суспендиран шест натпревари. Вардар Јуниор треба да плати казна од 50.000 денари.

Правилата важат и во Првата лига, па така, осум месеци суспензија заработи и ракометарот на Ринија, Егзон Жерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...