Раул го комплетира тимот в среда

Настапите на националните тимови полека се ставаат во втор план, а на големата сцена се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Во фокусот е токму Вардар и неговото соочување со актуелниот европски првак, Киелце, во мечот на неделата на ЕХФ.

Редуцираниот тим со кој деновиве располагаше Раул Гонзалез полека почнува да се консолидира, а комплетниот играчки кадар стратегот ќе го има на располагање в среда претпладне. Со оглед на тежината на натпреварот кој го очекува Вардар, Гонзалез разбирливо одлучи да им даде ден-два одмор на играчите со репрезентативен статус, за свежи да се појават во средината на неделава.

Добри вести доаѓаат од црвено-црниот табор дека сите играчи се на располагање и нема никакви здравствени проблеми. Искусниот голман Арпад Штербик, кој имаше хематом на рамото, исто така е фит и подготвен за дуелот со европскиот шампион.

Киелце и Вардар во досегашниот тек на групната фаза од Лигата на шампионите се на лидерската позиција во групата Б, со ист број на победи (по четири) и еден пораз, како и ист број бодови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...