Врвот се освојува во Будимпешта

ФТЦ е главен тест на силата на Вардар, а меѓусебниот дуел ќе го дефинира изгледот на табелата во групата Б на крајот од првата рунда

Со задоволство би сакала да напишам дека ЖРК Вардар викендов патува за Будимпешта на освојување на оној главниот врв, кој го носи европскиот пехар, но за тоа ќе мора да се стрпиме до мај и сега, засега да се задоволиме со освојување на лидерската позиција во групата Б во групната фаза од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак в недела му гостува на ФТЦ во дербито од групата, кое треба да реши како ќе изгледа табелата на крајот на оваа прва рунда од најсилното европско клупско натпреварување.

Дуелот со ФТЦ во Скопје на почетокот на сезоната донесе промена на тренерската позиција кај Вардарки, значеше и еден бод помалку од посакуваното и ги спречи да се промовираат во лидери и патници во продолжението уште на самиот старт.

Но, од тогаш до сега, многу работи се сменија. Од стратегот на клупата, до консолидацијата на играчкиот кадар и еден поинаков лик и систем на игра во „црвено-црните“ редови, кој го видовме изминатиов викенд.

ФТЦ барем во моментов е главен тест на силата на Вардар, или поточно кажано на степенот на градација на натпреварувачкото ниво на кое работи македонскиот првак. Победа во Будимпешта значи пласман во следната фаза од првото место во групата, продолжување на победничката серија и билдање на самодовербата и одличната атмосфера во тимот, кој веруваме дека по четири сезони чекање ќе значи нешто повеќе од трето место во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...